Македонија
Апелација ја продолжи седницата без адвокатите на Груевски, одбраната побара изземање на судечкиот совет
Апелациониот суд одлучи да го одбие барањето на обвинетиот експремиер Никола Груевски за одложување на седницата поради отсуство на неговите адвокати. Бранителот на помошник-министерот во МВР, Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков, во име на четворицата адвокати на Груевски побара изземање на судечкиот совет. Во согласност со барањето на одбраната, судечкиот совет даде 30-минутна пазуза по која ќе се одлучува за барањето.
„Доколку не се овозможи бранителите на Груевски да бидат присутни на седницата, со тоа сериозно се загрозува правото на одбрана“, рече Зиков.
Претходно, судијката Цветанка Перишиќ одлуката да се одбие барањето за одложување на седницата ја образложи со тоа што неприсуството на адвокатите на Груевски е нивна лична одлука и дека не е причина за да се одложи седницата. На оваа одлука имаше забелешка адвокатот Стерјо Зиков, кој рече дека адвокатите не може да дојдат поради обврски со судењето за случувањата на 27 април.
Зиков побара заеднички да најдат термин со цел непрекинато да се одвива седницата на која се одлучува за затворските казни за екпремиерот Груевски и за високиот функционер на МВР, Поповски.
Груевски, кој присуствуваше на денешната седница, рече дека има ангажирано цело адвокатско друштво, кое случајот го разгледува од повеќе аспекти и дека е неопходно неговата одбрана на биде присутна на седницата на која се разгледуваат жалбите.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

