Македонија
Апел за помош: Да исполниме една детска новогодишна желба!
Со срце исполнето со топлина и со особено чувство за заедничка човечка солидарност, се обраќаме до вас во овој прекрасен период на годината. Се надеваме дека ја чувствувате предновогодишната магија и радоста што ја носи овој предпразничен период.
Сега, кога сите деца со нетрпение го исчекуваат Дедо Мраз, сакаме да ви ја споделиме приказната за едно мало сонце, малиот Марин. Марин е шестгодишно прекрасно дете, преполно со чиста љубов, кој има само една желба – да оздрави и да може да има нормално детство и нормален животот како сите други деца.
Во овие празнични моменти, кога сите нас е охрабрува желбата за подарување и дарување на среќа, ве покануваме да станете дел од вистинското божиќно чудо за Марин. Додека сите деца имаат писма со бескрајни желби, Марин се надева на едно единствено чудо – живот без пречки и со безгранична љубов.
Трансплантацијата на матични клетки во Турција ќе му овозможи подорбување на неговата здравствена состојба и на неговиот живот.
Затоа, ве молиме, подарете го вашето срце и помогнете да му ја исполниме желбата на Марин.
Вашата донација, мала или голема, може да биде светлината на неговиот пат кон здравје и среќа. Да му обезбедиме на Марин еден божиќен подарок што нема цена – нов живот и среќно детство.
Можете да донирате 100 денари со секој телефонски повик на броевите 143-113 (Телеком) и 143-475 (А1).
Жиро сметка 200004123143684(Стопанска банка),
IBAN- MK07200004124383053
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

