Македонија
Арменд Арслани од ДУИ e нов заменик-министер за здравство
 
																								
												
												
											Со 62 гласа „за“ и 17 „против“, Собранието го назначи Арменд Арслани од ДУИ за нов заменик-министер за здравство.
Арслани е специјализант по урологија на Медицинскиот факултет при УКИМ, а претходно работел како доктор по општа медина во Специјализираната болница за нефрологија во Струга.
На функцијата доаѓа на местото на Асим Муса, кој поднесе оставка по скандалот со земање мито.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека не треба нов заменик-министер за здравство, туку нов министер за здравство.
Според нив, работата на Венко Филипче е скандалозна и на сите анкети граѓаните се незадоволни од тоа што тој го има направено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
АВМУ: Сите медиуми од ноќеска на полноќ да ја прилагодат својата програма за изборниот молк
 
														Со денешниот ден завршува изборната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19:00 часот на 2 ноември 2025 година. За време на молкот медиумите продолжуваат да известуваат за изборите и за текот на гласањето, но не смее да се емитува ниту еден од облиците на изборно медиумско претставување, извести АВМУ.
„При известувањето во деновите на изборниот молк ќе се смета дека медиумите го прекршиле изборниот молк доколку емитуваат, односно објават какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои се открива идентитетот на политички субјекти и/или поединци вклучени во инциденти или неправилности на денот на гласањето; како и изјави од кандидати во изборниот процес, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта“, соопшти АВМУ.
Агенцијата очекува сите медиуми, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.
Македонија
Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука
 
														,,По првиот круг системот прокрваре. Во вториот круг може да го добие конечниот удар. Нормално, ако ние тоа го направиме, ако го преточиме во одлука. И сметам дека времето на одлуката е дојдено, затоа што мислам дека ни е на сите доста од вакви удбашки, бизнисменски, одвратни приказни кои ги живееме триесет и пет години. Системот е на нозе. Сега Скопје на нас е оставено”, порачува кандидатот за градоначалник од партијата Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ.
„Ова е класна борба. Класна борба кога имаш две спротивставени страни кои се потполно различни. Една која е наоружана со сите капацитети на државата и друга која сака да се ослободи од тие притисоци“, потенцира Мециновиќ.
Тој додава дека „во оваа кампања ги видовме сите можни лични напади, фабрикации, измислици, притисоци кои можевме да ги замислиме“.
„И зошто мислите дека за прв пат се случува вакво нешто во кампања? Тоа е затоа што за првпат после триесет и пет години им го оспоруваме статус-квото“, појаснува тој.
Македонија
Од почетокот на седмицата уапсени 12 лица за безобзирно управување на возило, вкупно 2.382 сообраќајни прекршоци
 
														Во периодот од 27 до 30 октомври како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 2.382 издадени платни налози, 443 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
„Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик се 12 лица сите за возење под дејство на алкохол.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 733 прекршоци за неправилно паркирање, 306 мерки се изречени за возачи што управувале возило без возачка дозвола, како и 32 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 14 пешаци. Исто така санкционирани се 174 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 81 возило било отстрането од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 43 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 18 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии)“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											