Македонија
Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни и да престанат да саботираат
Нови препирања во Советот на Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска и контрираше на Марија Андоновска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ. Андоновска порача дека мора да се работи, по што посочи, да се асфалтираат улиците во Шуто Оризари и да се направи фекална канализација. Советничката и кажа на градоначалничката дека не смее да се повтори времето на Шилегов, а поддршка за реализацијата на програмата ќе има од целата советничка група. На ова, Арсовска возврати дека ВМРО-ДПМНЕ е лицемерна.
„ ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи иницијативата. Град Скопје не треба да има заборавени населби. Тоа го пишуваше во програмата за модерно Скопје. Од тие причини Шуто Оризари не треба да биде заборавено. Јас изнесов со факти и аргументи што е направено во некој период и што не е направено во изминативе четири години. Реконструкцијата и изградба на улици во Шуто Оризари мора да биде приоритет и да се случи пред било што друго. Бидејќи не можат да одат граѓаните во некои паркови, кога ќе стигнат каливи во тие паркови, бидејќи на улицата во која живеат, не е асфалтирана. Апелираме да се отпочне во најбрз можен рок, рокот предвиден во иницијативата. Да се отпочне меѓуопштинска соработка и да се отпочне со реализација, не само да се донесе одлуката. Бидејќи како што знаеме, во минатото, во буџето се носеле одлуки за меѓуопштинска соработка, но не се реализирале. Тоа не смее да биде случај сега. Доколку се донесе одлука, таа мора да се реализира. Нереализирање на одлука е казниво. Ние ќе бидеме тука да потсетувам на одлуките кои не се реализирани. Една од работите е фекалната канализацијата, 6 милиони денари, за Шуто Оризари. Септември сме, нема отпочнување на проектот. Ќе пропаѓаат средства, како во времето на Шилегов, кога се даваше само на хартија дека ќе се реализира одреден проект? Не смее да биде случај овој пат. Ставките во буџетот да се реализираат, мора да се работи“, кажа Марија Андоновска.
Арсовска им порача на советниците од ВМРО-ДПМНЕ дека се лицемерни. Додаде дека треба да престанат да саботираат, и само декларативно да се залагаат за модерно Скопје.
„ Хипокризија на денешницава. Генералниот секретар до пред некое време, мислам две недели, беше човек кој што е ваш близок. Кога замина од тука се заблагодари на партијата и претседателот наместо на Градот и граѓаните. Требаше да го прашате зошто не реализирал се ова што требало бидејќи тој беше еден од лицата, непосредно надлежен за овие реализации. Ве молам да се однесуваме како што треба. Не може нешто што вчера сте застапувале денеска да кажувате дека не чини. Не може нешто што до вчера сте поддржувале денеска да сакате да саботирате или да сакате да го поставувате во негативно светло. Ако веќе декларативно, шпицниот градоначалник излегува и кажува дека ќе ја поддржите оваа програма, однесувајте се соодветно, поддржете ја. А не со подметнувања, критики и на крај декларативно да кажете дека ќе ја поддржите. Фер и коректно од почеток до крај, не со манипулации“, рече Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

