Македонија
Арсовска од врата на врата во Ѓорче Петров: Доаѓа време на брзи решенија!
Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска денеска продолжи со теренските активности од врата на врата како дел од нејзината изборна кампања за градоначалник на градот и посети голем број на домови во општина Ѓорче Петров. На овие неформални средби со граѓаните, Арсовска покрај тоа што ги презентира нејзините брзи и ефикасни решенија за модерно Скопје, ги слушна и потребите и проблемите на граѓаните од оваа општина кои не бараат многу, туку услови за пристоен живот за сите, онака како што заслужува секој еден граѓанин.
Општина Ѓорче Петров како и многу други општини во главниот град се соочува со истите проблеми, немање квалитетна инфраструктура, сообраќаен хаос, бараат нов кружен тек и се жалат на немање доволно зелени површини, вели Арсовска додавајќи дека е потребно да се вложува во сите делови од градот подеднакво, со цел рамномерно унапредување на квалитетот на животот на скопјани.
„Недозволиво е во 21 век да имаме општини во Скопје со услови за живот како да сме еден век наназад. Недозволиво е граѓани да газат по кал, да има неасфалтирани улици, да немаат вода за пиење, а да велиме дека Скопје е нашата метропола. Граѓаните со кои се среќавам секојдневно не бараат многу. Тие бараат човек, менаџер на градот кој ќе работи исклучиво на унапредување на квалитетот на живот за сите нив, кој ќе придонесува кон секојдневен раст и развој на градот, а со тоа и граѓаните ќе бидат горди дека живеат токму во Скопје. Доаѓа време на брзи и ефикасни решенија. И заедно со скопјани, знам дека ќе направиме многу затоа што е време за вистински промени“, рече Арсовска по средбата со граѓаните во Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

