Македонија
Арсовска: Од Кисела Вода испративме порака дека времето на неработниците и на лажните ветувања е завршено
Од Кисела Вода испративме порака дека времето на неработниците и на оние што даваат лажни ветувања а ништо не исполнија од тоа што ветија, е завршено. Сега ќе имате свој човек, поточно жена која ќе овозможи вратите на градот секогаш да бидат отворени и за секоја потреба да се најде решение”, им порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на граѓаните од Кисела Вода при денешната средба.

Арсовска се сретна со граѓаните од 11ти Октомври, Македонија парк, Пржино и Црниче и разговараше со нив за проблемите што ги имаат, што им недостига и им престави според програмата што ја нуди како Кисела Вода ќе стане урбана населба со зеленила, функционална инфраструктура, уреден простор за сите жители и град со чист воздух.
![]()
“Програмата е направена според вашите потреби, секојдневните проблеми, маки и барања за решенија. И затоа ќе почнеме да работиме уште од првиот ден и за 82 дена ќе биде многу направено, што некој не успеал да направи ни за 4 години, ние тоа ќе го направиме за 82 дена. А останатиот дел, поголемите и покрупни проекти ќе бидат решени уште во првата половина од мандатот. Ако нешто се сака и се може, а сите овие барања се потребни и затоа проектите се реални и остварливи”, истакна Арсовска.
Жителите на Кисела Вода се пожалија на преголемата изградба на згради, неплански, узурпирање на јавниот простор, канализациски и инфраструктурни проблеми.
Арсовска уште им порача на жителите на Кисела Вода дека обврска на Град Скопје е генералниот план да им го даде на увид на граѓаните, да знаат што се планира и што ќе се гради во иднина. “Овој град треба да биде отворен за сите, да може секој да најде одговор на своите барања и да си го реши проблемот, без чекање, без одлагање. Имам цел а и задача да направам овој град да биде гордост за сите нас”, истакна Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

