Македонија
Арсовска: Посветено ќе работиме на проектите од областа на културата со градските и националните културни институции
Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, и директорот на НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“, Насер Цури, денеска потпишаа меморандумм кој ќе овозможи соработка меѓу двете институции, како и координација, планирање и реализирање заеднички проекти и активности од неколку области, меѓу кои грижа за ранливите категории, култура и образование.
Соработката меѓу Град Скопје и НУ „Спомен-куќа на Мајка Тереза“ е одлична нова можност за реализација на многубројни активности, кои произлегуваат од Скопје, европска престолнина на културата за 2028, велат од Град Скопје.
Град Скопје, според соопштеното, ја освои престижната титула европска престолнина на културата за 2028 година, признание за целокупниот труд што го вложуваме и кое претставува извонредна можност за трансформација на нашиот град, а што ќе остави траен белег.
„Во периодот што е пред нас посветено ќе се работи на реализација на проектите од областа на културата со градските и националните културни институции“, истакна Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

