Македонија
Арсовска: Ќе се избориме против нелојалната конкуренција и ќе овозможиме полесен пристап до пазарите

Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, денеска одржа средба со претставници од Комората на трговците од групацијата пазарџии од Бит-пазар, на која детаљно се дискутирало за предизвиците со кои пазарџиите од територијата на град Скопје се соочуваат при извршување на својата дејност.
Како главни проблеми претставниците ги истакнале нелојалната конкуренција и нелегалната трговија на просторот околу пазарите и секојдневниот сообраќаен метеж.
„Нелегалната трговија и нелојалната конкуренција факт е дека се одразува негативно кон целокупното функционирање на економијата во нашата земја, а за жал, не само на пазарите, ја гледаме насекаде. Кај пазарџиите овој проблем е изразен затоа што со продажба надвор од просториите на пазарот се намалува нивната зарботка, а давачките кон државата остануваат исти. Законите се исти за сите и мора да важат за сите вклучувајќи ме и мене како граѓанин на овој град. Во однос на хаосот во сообраќајот, се обврзувам дека еден од моите врвни приоритети ќе биде неговото доведување во ред преку ефикасни решенија, како што се бесплатниот јавен превоз, нови кружни текови на повеќе локации, поврзување булевари и повеќе велосипедски патеки“, истакнала Арсовска.
На крајот од средбата таа им ја понудила својата поддршка на пазарџиите и им рекла дека Град Скопје во иднина ќе излегува во пресрет на нивните барања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.