Македонија
Арсовски: Димова доделила 125.000 евра за проектот „Избери сирење“ на братот на пратеникот Диме Велковски од СДСМ
Преку програмата „Еразмус +“ доделени се 125.000 евра за проект со наслов „Избери сирење“, кој е на братот на пратеникот Диме Велковски, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој вели дека станува збор за втор прокет на братот на Велковски по оној од над 83.000 евра за дресура на магариња.
„Доделени се 125.000 евра европски пари за проектот ‘Избери сирење’, каде што треба да се едуцираат деца за сирење, пари што отишле повторно кај Диме Велковски. Неоспорно е веќе дали се валидни или не апликациите за магарињата и сирењето. Поставуваме дилема и прашање како е можно овие два проекта во вредност над 200.000 евра, европски пари, Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, токму пред парламентарните избори?“, вели Арсовски.
ВМРО-ДПМНЕ бара јавно да се објави од страна на Диме Велковски и Лидија Димова на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, но и да се одговори дали парите биле влечени преку сметки на други лица да ги вратат кај добитниците на проектите.
Арсовски порача дека Димова треба да си даде оставка веднаш. Тој потсети дека претходно беше обелоденето доделувањето на 270.000 евра на фризерница за проекти за медиумска писменост. Рече и дека биле купени две луксузни возила од страна на Лидија Димова за луксузирање во вредност од 100.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

