Македонија
Арсовски: Додека Владата на СДСМ молчи на бугарските провокации, поскапуваат струјата, горивото

Веројатно пазарџиството по кое е познат Зоран Заев ја зарази и бугарската политичка сцена, па така ќе добиеме би рекол непристојни понуди од Слави Трифонов, кој ќе се обиде да прави трговија на Бугарија за нешто што ним им е потребно како држава и сето тоа на грбот на македонските граѓани, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавите на Слави Трифонов поврзани за спорот на Бугарија со Македонија.
Арсовски истакна дека „кога Бугарите нашле Влада што молчи на секоја нивна провокација, тоа станува нормално однесување, но она што не е нормално е тоа што Владата во Македонија предводена од СДСМ продолжува да глуми нормалност, а молчењето значи одобрување, но одобрување само од нивна страна, а не од јавноста“.
„И додека Владата на СДСМ молчи на новите пазарења со Бугарија, факти што се случија во меѓувреме се дека најпрвин поскапе струјата над 15 проценти, потоа ја укинаа евтината тарифа, кои сами ја воведоа, метанот што го рекламираа за најеколошки го поскапеа 120 проценти и поскапеа одново горивата за граѓаните, а од акцизата власта не се откажува сѐ уште и дополнително можеби сѐ уште ќе ја зголемува“, посочи Арсовски.
Арсовски истакна дека петта работа што се случува во моментот додека Владата на СДСМ молчи на бугарските провокации е тоа што се појави ново сведоштво дека парите од рекетот, како што рече, завршиле во Струмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.