Македонија
Арсовски: Тендерската постапка за стерилизација е криминална
Тендерската постапка за стерилизација е криминална, оцени портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Арсовски рече дека и покрај тоа што Венко Филипче тендерот го нарекува ‘интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции’, сепак се работело за приватизација на стерилизацијата на хируршките сали и инструментите во сите здравствени институции во Македонија.
Портпаролот на најголемата опозициска партија побара од министерот да одговори дали до сега стерилизацијата не се изведувала според највисоки европски стандарди, како и дали тендерската процедура фаворизира една странска компанија, која имплементира ваков проект на приватизација на стерлизацијата во здравството во соседна Албанија. Понатаму, Арсовски праша дали не случајно се исклучени сите компании од Македонија со барањето од тендерот да имаат вкупен годишен промет во последните 3 фискални години, кој не е помал од 30 милиони евра, како и дали против компанијата што ја фаворизира министерот Филипче постои судски процес во Италија и во Албанија.
„Дали компанијата што ја подготвува министерот да добие на тендерот ќе има ексклузивни права за стерилизација на целата територија на Македонија? Дали со тоа се планира да пропаднат и да згаснат 25-30 економски оператори кои постојат моментно на пазарот во Република Македонија?“, дополнително праша Арсовски.
Опозцијата вели дека според начинот на кој е подготвен последниот тендер за стерилизција, ќе добиеме приватна компанија со монопол да ја добие грижата за стерилизацијата на зафатите во здравствените институции.
„Станува збор за област за која во иднина приватна фирма ќе треба да набавува хируршки инструменти, облека за лицата што влегуваат во операциона сала, дезинфекција на салите, до грижа за медицинскиот отпад“, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бесплатен интернет во новиот парк-плоштад во Марино
Општина Илинден во соработка со Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) започна со реализација на активностите за поставување бесплатна јавна WiFi мрежа на новиот парк-плоштад во Марино.
„Проектот е дел од иницијативите за унапредување на дигиталната поврзаност во регионот на Западен Балкан и претставува значаен чекор кон модернизација на јавните простори и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Со имплементацијата на оваа услуга, посетителите на парк-плоштадот ќе имаат можност за бесплатно и неограничено користење на интернет, овозможувајќи полесна комуникација, пристап до информации и дигитални услуги додека уживаат во погодностите на овој урбан простор“, велат од Општината.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека дигитализацијата на локално ниво претставува стратешки приоритет на општината, при што нагласи дека континуираното вложување во паметни и иновативни решенија е насочено кон создавање модерна, функционална и урбана средина, која одговара на потребите на граѓаните и на современите општествени текови.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.

