Македонија
Арсовски: Тестовите за Ковид-19 се наплаќаат 4 пати поскапо од пазарната цена
Tестот за граѓаните да можат да се проверат дали се заразени од коронавирусот или не во Институтот за јавно здравје чини 4.950 денари, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, повикувајќи се на информацијата што вчера ја објави „А1он“.
Бидејќи тестовите за граѓаните се бесплатни, станува збор за сумата која Фондот за здравство ја наплаќа од Министерството за здравство.
„Сето ова би било нормално, доколку тестовите во приватните клиники чинеа исто колку и во јавното здравство, а не трипати помалку, односно 1.200 денари и 1.500 денари по тест во една од приватните клиники. Разликата е огромна во цените на тестот од приватните клиники до јавното здравство, односно разликата во цената е дури 3.750 денари“, рече Арсовски.
Тој додаде дека министерот за здравство, Венко Филипче, вчера искоментирал дека не знае зошто цената е толку повисока на тестовите во јавното здравство, а Фондот за здравствено осигурување немал прецизен одговор, за потоа Министерството за здравство да реагира дека во таа цена влегувале и платите на луѓето и другите трошоци за одржување на институтот.
„Од ниту една од институциите под капа на Венко Филипче и Ден Дончев, инаку сите знаеме од претходно вмешани во сериозни криминалии во врска со рекетирање фирми кои се занимаваат со дијализа, нема конкретен одговор зошто цените се толку различни, односно зошто толку висока цена наплаќа Фондот на министерството. Чудно е, и тоа многу, како приватните клиники кои нормално е да имаат и имаат поскапи цени за услугите од јавното здравство, во цените од 1.200 и 1.500 денари немаат вкалкулирано плати за вработени и цени за одржување, односно тоа е цената колку што чинат тестовите. А, сите знаеме дека цените во приватното здравство се далеку поскапи од јавното“, додаде Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

