Македонија
Артан Груби на молитвен појадок во Вашингтон

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, истовремено и организациски секретар на Демократската унија за интеграција, ќе присуствува во Вашингтон, САД, по покана од американскиот Конгрес, на традиционалниот молитвен појадок, со учество и на претседателот на САД, Доналд Трамп, и лидерите на многу други земји.
Груби петти пат го посетува Вашингтон во последните две години и ќе се сретне со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Конгресот, Елиот Енгел, сенаторот Џејмс Инхоф, заменик на помошник-државниот секретар, Метју Палмер, директорот за централна и јужна Европа на Стејт департментот, Давид Костеланчиќ, конгресменот Роберт Аделхорф, заедно со други конгресмени, како и ќе учествува на два форума во американскиот Сенат и на Атлантскиот совет.
Пратеникот Груби е претседател на Групата за пријателство помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претежно облачно со услови за дожд и снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со услови за слаб дожд, на планините и на повисоките места слаб снег, претежно во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје претежно облачно, во раните утрински часови во делови од котлината ќе има услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност, а локални врнежи од дожд се очекуваат во четврток. Утринските и дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.