Македонија
СДСМ: Техничките кадри се луѓе на Груевски кои работат против интересите на државата
Tехничките кадри на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека се кадри на Груевски кои работат против интересите на државата, велат од СДСМ, од каде што обвинуваат дека тие за еден месец не понудиле ништо конкретно во насока на евентуално подобрување на работата на институциите.
„Последен доказ за тоа е барањето на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во својот кабинет да го смести советникот на Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски, кој, според сведочењата во процесот за 27 април, има улога во организацијата на настаните од крвавиот четврток.
Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, уште од првиот ден ги навреди жените, а потоа и јавно му кажуваше на новинар како и за што треба да известува. Нејзиниот тим видовме дека е составен од лица што се креатори на проектот „Скопје 2014“, како и лица што биле дел од кабинетот на Диме Спасов.
Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, исто како Груевски упадна во просториите на свои вработени и јавно ги снимаше и вршеше политички притисоци. Трипуновски, освен тоа што има кривична пријава за проневера на 117.000 евра, е познат и по тоа што организира партиски протести, каде што функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ глумеа дека се земјоделци.
Дополнителната заменик-министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочовска, во својот тим исто така има ангажирано лица блиски на Никола Груевски и Ѓорге Иванов, како и блиски соработници на поранешниот министер Зоран Ставревски, кој остави длабоки штети врз македонската економија.
Невенка Стаменковска-Стојковски, која е дополнителна заменик-министерка за информатичко општество и администрација, е самата директно кадар на Никола Груевски. Таа беше во првите редови пред судовите кога се одвиваа судските процеси против криминалот на Никола Груевски и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.
Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната Влада задолжена за организирање на изборите за еден месец покажаа дека работат единствено за обнова на режимот, а против интересите на граѓаните и државата.
Граѓаните го гледаат тоа и затоа на 12 април ќе порачаат – режим никогаш повеќе“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Модернизација на водоводната мрежа во општина Илинден
Локалната самоуправа и ЈКП „Водовод” – Илинден континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа на територија на општина Илинден, со цел задоволување на потребите на корисниците.
Со цел поквалитетни услуги побезбедна и поздрава вода за пиење на граѓаните како и здолемување на капацитетот на водоснабдувањето, деновиве се работи на обнова и модернизација на главната водоводна мрежа на ул. 9 во н. Илинден и улица 532 во Марино, односно на потегот од Халк Банка до Црна река Петрол во должина од 600 метри, извести општина Илинден.
Увид во градежните работи направија градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод”-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека модернизацијата опфаќа замена на старите ПВЦ цевки со нови полиетиленски, поради честите дефеци и загуби на вода на овој дел од водоводната мрежа.
Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што општина Илинден во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем, се додава во соопштението на општина Илинден.
Македонија
Милошоски: Новата влада се очекува до 20 јуни, веројатно ВМРО-ДПМНЕ, „Вреди“ и Знам
„Новата влада се очекува до 20 јуни, најверојатно, ВМРО-ДПМНЕ, ‘Вреди’ и Знам“, напиша Антонио Милошоски, актуелен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на социјалната мрежа „Икс“.
#Macedonia 120-seat Parliament election 🇲🇰 :
VMRO DPMNE+-EPP: 58
DUI~S&D|EPP|NI: 18
SDSM+-S&D|RE|G/ECR: 18
VREDI~NI: 14
Levica~LEFT: 6
ZNAM-*: 6 MPs
…
The new government is expected until 20.June, most probably VMRO +VLEN +ZNAMhttps://t.co/Wz7ygeAWwG #Избори2024 #IzboriMK pic.twitter.com/QKxvor6FrI— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) May 22, 2024
По вчерашното прегласување, Милошоски го објави официјалниот распоред во македонското Собрание.
Македонија
Одземен пасошот на Иџет Мемети, ќе треба да се јавува во суд
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му определи мерки на претпазливост на И. М., второосомничен во истрагата поврзана со примање награда за противзаконито влијание за што веќе информираа од ОЈО.
„По денешното произнесување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и ценење на фактите и доказите во прилог на ОЈО ГОКК, донесе решение со кое предлогот се уважува. На осомничениот му се опредлуваат мерки за претпазливост од чл. 146 ст. 1 т. 2 и 3, односно обврска на осомничениот повремено да се јавува на определено службено лице во судот и одземање на патната и друга исправа за напуштање на државната граница, како и забрана за издавање нова.
Мерките важат до правосилноста на постпаката, а против ова решение странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, извести Кривичниот суд.