Македонија
АСОМ: Масовен отпор и протести со какви што не се соочила Владата доколку се донесе спорниот закон за игри на среќа
Асоцијацијата за спортски обложувачници (АСОМ), денеска, во присуство на дел од вработените во обложувачниците, пред Собранието на Република Северна Македонија одржа предупредувачки собир бидејќи спорниот азакон за игри на среќа повторно и без најава се обидува да се стави на гласање пред пратениците.
На собирот присуствуваа и некои од вработените од објектите за игри на среќа на Асоцијацијата на приредувачите на игри на среќа (АПИС) со цел да упатат заедничка порака дека Владата продолжува насила да го носи законот, иако во изминатите месеци во медиумите се пишуваше за скандали поврзани со овој закон и сомнежи за политички влијанија и бизнис-интереси.
Во своето обраќање пред медиумите, претседателот на АСОМ, Васко Илијевски, потенцира дека ставањето на законот на дневен ред е токму во момент кога свое обраќање во Собранието треба да има претседателот Стево Пендаровски, иако тој, „исто како и претставниците на ЕУ, вработените во секторот, здраворазмните јавни личности и експертите што ги согледуваат негативните последици од овој закон – се спротивстави на неговото носење“.
Илијевски рече и дека она што го прави власта е целосно спротивно на здравиот разум.
„Додека Владата се обидува да наметне рестриктивен и нелогичен закон за лиценцираните приредувачи, тајно и на мала врата самата отвора нови бизниси и онлјан-платформи со странски партнери за кои пристигнаа информации во медиумите дека компании од соседна Бугарија се заортачиле со Владата. Кога ќе се поврзат сите овие случувања, повеќе од јасно е дека овој закон не е ништо друго, туку обид да се преземе пазарот на игри на среќа и целосно да биде контролиран од малкумина“, рече претседателот на АСОМ.
Тој ги повтори пораките и дека доколку биде донесен овој неевропски, неуставен и монополски закон, повеќе од 10.000 вработени ќе бидат директно засегнати за своите работни места, со што ќе се предизвика затворање легална индустрија, а ќе им се отвори широка врата на сивата економија и на криминалот, како што се случи во државите од регионот, кои се одлучија за рестриктивни закони. „Нашите вработени ќе бидат најголемата опозиција на следните избори доколку се продолжи со ова политичко насилство“, потенцира Илијевски.
Илијевски потсети и дека овој предлог-закон е направен со низа небулози спротивни на пазарната логика, без соодветна анализа, истражување и користење факти и аргументи, а Владата и институциите во ниту еден момент не ги консултирале легитимните претставници на 95 % од лиценцираните компании во државата.
„Владата тенденциозно одбегнува дебата преку злоупотреба на европското знаменце, а извештајот на ЕУ, кој го доби државата, неодамна точно нотира дека се злоупотребува европското знаменце“, порача тој.
Упати порака и до граѓаните потенцирајќи дека е во интерес на АСОМ самата индустрија да напредува, играчите, малолетниците да се едуцирани и заштитени, а легислативата да се европеизира.
„Ние како компании работиме одговорно и чесно, вработуваме ваши пријатели, роднини и блиски. Одговорно тврдиме дека ова што Владата го прави е спротивно на тоа да ги регулира игрите на среќа“, рече тој додавајќи дека овој пат од Асоцијацијата нема да молат, туку директно ќе се заканат со масовен отпор и протести со какви што не се соочила Владата досега.
„Денешниот собир е симболичен приказ за нашиот став во однос на предлог-законот за игри на среќа, доколку нашите апели не се слушнат, подготвени сме на масовни протести и сериозна борба со цел да го спречиме донесувањето на овој закон“, заклучи Илијевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со оружје, стотици парчиња муниција и импровизирани направи во возилото, Италијанец се обидел да ја помине границата на Табановце – приведен е
На Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го привеле С.В. (45) од Италија.
При гранични проверки и контрола на возило со италијански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени осум импровизирани направи со игла за активирање на непозната муниција, пиштол калибар 22, шест кутивчиња со по 100 парчиња муниција, едно кутивче со 200 парчиња муниција, едно кутивче со 60 парчиња муниција, како и други предмети.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Левица ја повика Сиљановска-Давкова да не го потпишува законот за продолжување на легализација на дивоградби
Партијата Левица ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да не го потпише новиот закон со кој се продолжува рокот за легализација на дивоградби.
Од Левица посочуваат дека претседателката претходно, како пратеник, јавно укажувала дека етички и правно е невозможно да се повикува на владеење на правото, а истовремено да се носат закони со кои се уредува правниот статус на бесправно изградени објекти.
Собранието го продолжи рокот за легализација до 3 март 2031 година, наместо претходниот рок 3 март 2026 година, со што, како што велат од Левивца, процесот од временски ограничена мерка станува подолгорочна пракса.
Партијата оценува дека секое ново пролонгирање испраќа порака дека прекршувањето на законот ќе биде наградено со легализација, додека граѓаните кои градат согласно прописите остануваат изиграни.
Во соопштението се наведува дека ваквиот пристап ја поткопува правната сигурност и довербата во институциите, како и дека наместо зајакнување на инспекциските и урбанистичките механизми, државата избира модел на амнестија.
Партијата останува на ставот дека прашањето со дивоградбите треба да се решава системски, со јасна разлика меѓу социјалните случаи и, како што наведуваат, профитерската злоупотреба, и ја повикува претседателката да не го потпише законот.
Македонија
Дебар Маало доби 24-часовна бесплатна Wi-Fi мрежа, наскоро и во Капиштец
Општина Центар, во рамки на проектот EU4Digital, обезбеди бесплатна Wi-Fi зона во Дебар Маало, поточно на улицата Боемска и на скверот пред Општината.
Согласно програмата, наскоро се предвидува поставување слободни интернет зони (Wi-Fi) и во Капиштец, со што граѓаните ќе имаат полесен пристап до дигитални услуги и информации на отворено.
Користењето на Wi-Fi зоните е достапно 24 часа, седум дена во неделата, бесплатно и без лозинка, со вградени безбедносни ограничувања за заштита на корисниците.
„Општина Центар е лидер во дигитализацијата на општинските услуги. Воспоставувањето на слободни интернет зони е пример како треба да функционира една современа општина, со безбедни и модерни јавни простори и отворен пристап до информации и дигитални услуги за сите граѓани“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Овие слободни Wi-Fi зони се наменети за жителите, посетителите и туристите, за кои централното подрачје претставува една од најпривлечните и најатрактивните дестинации во Скопје.

