Македонија
АУЕ – ФОН и приватниот универзитет за економија и бизнис ВУЗФ од Софија со заеднички европски дипломи и нови докторски студии
Американскиот универзитет на Европа – ФОН со нови регионални можности за докторски, магистерски и додипломски студии од областа на економијата, бизнисот и претприемништвото во соработка со приватниот универзитет ВУЗФ од Софија, Република Бугарија. Ова е договорено во рамките на денешната работна средба помеѓу ректорот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушева и ректорот на приватниот универзитет ВУЗФ, проф. д-р Борис Велчев.
На средбата беше потпишан и меморандум за соработка меѓу АУЕ – ФОН и ВУЗФ, со што се создава основа за развивање заеднички студиски програми, преку кои студентите од Македонија и Бугарија ќе имаат можност да се стекнат со двојни дипломи од двата универзитета.
Во таа насока, новите студенти, постоечките, како и алумните од АУЕ – ФОН кои студираат или студирале деловна економија, бизнис-менаџмент, финансиски и банкарски менаџмент, маркетинг и спортски менаџмент, ќе можат преку полагање на диференцијални предмети да се стeкнат со дополнителна диплома од областа на претприемништвото, сметководството, осигурување, меѓународна економија или други студиски програми коишто ги овозможува ВУЗФ универзитетот.
Меморандумот за соработка истовремено овозможува да се имплементира праксата на мобилност на студентите за студирање во странство, размена на научни материјали, публикации и информации, како и мобилност на академскиот кадар, посета и меѓусебна размена.
Дополнително, согласно Меморандумот се воспоставува основа за истражувачка соработка за двата универзитета и за студентите, како и можност за организирање меѓународни конференции и аплицирање за финансирање на заеднички едукативни проекти и програми. Договорено е и признавање на академските курсеви и издавање двојни дипломи, коишто ќе бидат валидни и признаени од двете страни, но и во меѓународни рамки.
Со денешното потпишувањето на меморандумот со универзитетот ВУЗФ од Софија, продолжуваат заложбите на АУЕ – ФОН за континуирано проширување на меѓународната соработката со универзитети и партнери од регионот, со кои заеднички ќе дејствуваат во насока на унапредување на образовниот процес преку размена на искуства и примена на иновациски пристап на работа, којшто одговара на современите барања на пазарот и потребите на идните студенти, како и кариерниот развој на академскиот кадар.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Од АМСМ известуваат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти АМСМ.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани прекини и тоа:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците на улиците 393 и Стојна Стевкова, општина Чаир.
Македонија
(Видео) Работници од Индија кои никогаш не виделе снег, за прв пат му се радуваат овде во Македонија
Работниците од Индија кои работат на автопатот Прилеп-Битола и се сместени во кампот на “Бехтел и Енка”, за прв пат гледаат снег во Македонија, па одлично се забавуваа и уживаа во белата покривка.

