Македонија
АУЕ – ФОН се вклучува во кампањата за борба против насилството врз жените
Американскиот универзитет на Европа – ФОН како општествено одговорна компанија се вклучува во одбележување 16 дена активизам како дел од кампањата за борба против насилството врз жените.
Идејата на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ е да се зголеми свеста за препознавање на сите облици на насилство врз жените, да се поттикнат и охрабрат жртвите отворено да зборуваат за овој општествен проблем, како и да се упати апел за навремено превземање мерки од страна на надлежните инититуции за заштита на жртвите од насилниците.
АУЕ-ФОН посочува дека само со обединување на сите чинители заедно, ќе може да се се стави крај на една општествена девијантна појава.
Насилството не се препознава само по лузните на лицето или на телото, туку претставува посегање врз слобода и достоинство на жртвите, една од најраспространетата форма на кршење на човековите права. Затоа, АУЕ-ФОН упатува порака до жртвите да не го премолчуваат насилството, туку да бидат истрајни и храбри!
За поддршка на жртвите од насилство, во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ отворени се донаторски броеви за собирање на средства, а предвидена е и хуманитарна акција за донирање на помош која им е неопходна на жените-жртви на насилство. Сите заедно можеме да им помогнеме на жртвите на насилство со донирање на средства на следните броеви: A1 – 143 133 и Телеком 143 999.
Kампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“, која ја поддржува Американскиот Универзитет на Европа-ФОН е на иницијатива на Билјана Ангелова, сопруга на бугарскиот аmбасадор во Република Северна Македонија, а се реализира со поддршка на невладини организациии, меѓу кои „Macedonia Welcome Centеr“,„Борка“, „Different“, „Хоризонт„ „Лубов сме“, како и многу други компании.
Медиумски партнер на кампањата за борба против насилството врз жените е Clip Media Group.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.
Македонија
(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.








