Македонија
Аферата „Броило“ ќе открие фирми блиски до власта кои правеле милиони во време на кризи, најави опозицијата
Додека стандардот на граѓаните пропаѓа со секој нов ден од кризите, некој дебело профитира и се богати.Тоа ќе го открие аферата Броило, која ќе покаже кои фирми блиски до функционерите на власт ги користеле кризите да направат милиони. Додека Македонија тонела во енергетската криза на некои компании им вртело броилото, ама не колку да платат, туку колку да го наполнат своето банкарско конто, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот треба да знае дека додека 12 илјади фирми затвориле, а уште илјадници не знаат како да ги платат сметките за струја во енерегетската кризи некои фирми блиски до власта профитирале од таа криза. Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кои се фирмите- кризни профитери кои заработиле во време на криза додека целото стопанство тоне а граѓаните осиромашуваат. Дезертерот Ковачевски и антимакедонската СДС да кажат кој и како им овозможил на овие фирми да ги добиваат ваквите бизниси?
Скандалот Броило ќе разјасни многу бизнис шеми за богатење на сметка на се посиромашните граѓани.Скандалот Броило ќе покаже зошто оваа власт преферира кризна состојба и зошто упорно влегува од една во друга“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

