Македонија
АХВ изготви прирачник за безбедна подготовка на здрава храна во предучилишните установи
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата на потрошувачите изработи прирачник за оператори со храна во предучилишни установи.
Во прирачникот детаљно се разработени принципите и нормите на добра хигиенска и производна практика, кои им помагаат на операторите со храна соодветно да ги подготват објектите, персоналот и процесот на работа за подготовка на квалитетна и здравствено безбедна храна за децата од предучилишните установи.
Прирачникот содржи информации и упатства што се однесуваат на хигиената на објектот и персоналот, контролата на операциите, обуките, чистењето и одржувањето на просториите за храна, нејзиниот трансорт, како и за управувањето со записите.
Во него се наведени и сликовити примери, кои се однесуваат на безбедноста на храната.
„Унапредувањето и подобрувањето на начинот на исхрана во предучилишните установи и развојот на здрави навики за исхрана кај децата се многу значајни прашања, па оттаму, во вториот дел од прирачникот содржани се насоките за исхрана на децата за време на престојот во градинките. Прирачникот содржи и практични совети за планирање на организираната исхрана и планирањето на оброците за децата“, се наведува во соопштението на АХВ, во кое се додава дека во прирачникот може да се најдат и голем број табели, во кои се објаснети дневните енергетски потреби на децата, препорачаното дневно внесување хранливи материи, витамини и минерали, и тоа според возрасните групи на децата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

