Македонија
АХВ: Бавно течат активностите за вадење крв од овците
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, денеска одржа работен состанок со претседателот на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, Томислав Николовски, на кој беше разгледана динамиката на активностите кои ги спроведуваат ветеринарните друштва на терен за реализација на Годишната наредба за здравствена заштита на животните.
Атанасов на состанокот оцени дека течат бавно активностите за вадење крв од овците за дијагностичко испитување на бруцелозата. Тој побара од првиот човек на Комората во наредниов период ветеринарните друштва да ги забрзаат активностите на терен со цел сточарите да можат да го запазат законскиот рок за аплицирање за добивање субвенции.
На состанокот беше разгледана можноста за електронска идентификација на овците, за што заедничка беше констатацијата дека примарно во моментов е да се утврди реалната бројна состојба на овците во одгледувалиштата, за што веќе се спроведуваат активности од страна на официјалните ветеринари и ветеринарните друштва со кои Агенција има потпишано договори. Зависно од тоа колкав реално ќе биде бројот на овците на терен, дополнително, со влезот на земјата во Европската Унија, ќе се одлучи и дали ќе се премине на системот на електронско обележување на овците.
За претстојното идентификување на копитарите со микрочипови, на состанокот беше заклучено дека е потребно во текот на идната недела да се изврши обука на ветеринарните од ветеринарните друштва кои ќе ја реализираат оваа активност, за начинот на внесување на податоците во модулот за копитари во Информацискиот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Намалена видливост поради магла кај Плетвар, Крушево, Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози. Врнежи од снег на планинските премини Ѓавато и Буково без задржување на коловоз.
Намалена видливост до 50 метри и појава на магла на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража до 80м. и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м, јавува АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21 ноември е затворен за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Променливо облачно време во Македонија – утре дожд и снег, нов бран врнежи од вторник
Времето утре променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и снег, а на некои повисоки места и на планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 5 степени, јавува УХМР.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Во понеделник и во вторник преку денот времето ќе биде стабилно и суво. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат нови врнежи претежно од снег.

