Македонија
Ахмети: Европа е нашиот дом, им честитам на сите граѓани
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, по повод одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со Европската Унија во Брисел им честиташе на сите граѓани за овој важен момент кој значи деблокирање на евроинтегративниот процес.
„Започнуваме ново поглавје. Секогаш сме докажале дека заедно можеме да го надминеме секој предизвик. Европа е нашиот дом и немавме друг избор и покрај пречките низ кои поминавме. Во овие 20 години покажавме дека знаеме да водиме и насочуваме големи процеси за доброто на сите граѓани со голема поддршка од нашите меѓународни сојузници, особено од Брисел и Вашингтон. Со храбри и мудри одлуки решивме предизвици кои за некои изгледаа како невозможна мисија и затворивме отворени билатерални прашања“, вели Ахмети.
Притоа, во ниту еден случај, вели тој, не отстапивме од европскиот курс, од реформите и изградбата на добрососедските односи и регионалната соработка. Остануваме посветени, додава Ахмети, на спроведувањето на реформските процеси и постигнатите договори.
„Патувањето секако не беше лесно, но не беше и невозможно бидејќи нашата ориентација кон големото европско семејство беше јасна.
Ја користам оваа можност да им честитам на сите наши граѓани за почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, со што ќе ви обезбедиме јасна перспектива, безбедност во земјата и регионот како и пошироко, а со една единствена цел за поголема благосостојба за идните генерации“, посочува Ахмети.
Според него, продолжуваме напред со целосна храброст, одлучност и максимална посветеност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Лукаревска: СДСМ е одговорна партија, ние не манипулираме
“Прогресивните граѓани знаат дека со СДСМ има слобода, има демократија и сигурна иднина, и токму тие граѓани се и наши најдобронамерни критичари, затоа што се демократи и затоа што имаат изградено граѓанска свест, за да биде подобро. Но во суштина тоа сме НИЕ, истите тие, што ја сакаме државата слободна, демократска, отворена, модерна, развиена. Исти вредности споделуваме, тие вредности секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно. Да не го потцениме моментот, сега е најважно. Важно е на 8 мај да покажеме дека сме обединети и дека заедно и подобро ќе продолжиме да работиме”, рече Сања Лукаревска, носителка во третата изборна единица.
СДСМ е одговорна партија. Ние не манипулираме, не продаваме бесперспективни илузии кои ја разградуваат државата од внатре, и и ја ослабуваат позицијата надвор. Тоа нема да го дозволиме и затоа ја бараме вашата поддршка на 8 мај, рече Лукаревска.
“Да не дозволиме она што го изградивме заедно, да се урне за само еден ден, да се вратиме назад – на поделбите на наши и ваши, на привилегирани и на казнети, на поттикнати внатрешни конфликти, а всушност сите изманипулирани, зашто тој концепт не нуди иднина. Се е јасно, се е веќе видено и чуено и тоа ни дава уште поголема верба дека сме на исправниот пат. И затоа не се откажуваме, веруваме во социјалдемократските вредности, веруваме во погресивните граѓани и веруваме дека на 8 мај можеме да продолжиме заедно”.
Македонија
(Графика) Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици
Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици, покажува најновиот извештај на Македонското здружение за заштита при работа.
„Во 2023 година успеавме да забележиме јавно објавени во електронските и печатените медиуми, како и искомуницирани до нас како Македонско здружение за заштита при работа вкупно 93 несреќи при работа. Би сакале да потенцираме дека оваа бројка е конзервативна и во голема мера не го отсликува вистинскиот број на потешки несреќи на работното место. Следбено на оваа бројка на загинати вработени, стапката на смртни случаи при работа во Македонија изнесува 2,16 односно на секои 100.000 вработени, 2 вработени гинат на работното место во 2023 година. Кога пак како параметар ќе се земат повредите при работа, тогаш стапката на повреди при работа за 2023 година изнесува 13,42, што покажува дека на секои 100.000 вработени, потешко се повредуваат околу 13 до 14 вработени“, пишува во извештајот.
Во однос на градот во кој се случила несреќата, Скопје е град со најголем број на несреќи. По Скопје следат Битола и Прилеп.
Според извештајот, во 2023 година најмногу несреќи има во Преработувачката индустрија 29, по што следи Градежништвото и Јавна управа и одбрана 22. Најголем број на несреќи кои резултирале во смрт има во дејностите на градежништвото 7, дејностите на домаќинства како работодавачи 3 и преработувачка индустрија и рударство по 2.
„Дејностите на домаќинства како работодавачи во голем дел ги опфаќаат земјоделските работи на своите имоти. Доколку овие лица се
регистрирани како земјоделци, тогаш голем дел од повредите би се припишале на дејноста земјоделство. Најголемиот број на несреќи во оваа дејност се случиле со земјоделска машина – трактор, при вршење на земјоделски работи, транспорт или при учество во сообраќај“, се вели во извештајот на Македонското здружение за заштита при работа.
При оваа анализа утврдено е дека најголем број смртни случаи имало во петок 7, по 2 понеделник, четврток и сабота. Исто така најголем број на повреди имало во петок, додека во другите денови од неделата бројката се движи понеѓу 11 и 14 повредени.
Според резултатите, најмногу несреќи се случиле во месец април – вкупно 18. Бројот на смртни случаи, е најголем во месец септември – 3.
Македонија
(Видео) Ковачки: Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција
Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ, денеска меѓудругото вети дека ќе бидат вратени во функција сите железнички линии.
„Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините“, изјави Ковачки.
Македонски железници месецов прослави 151 година од своето постоење. Јавното претпријатие е во лоша состојба, а укинати се голем број возови.
Од неодамна, од двата патнички воза за Гевгелија вози само еден. Од 2021-ва не сообраќаат возовите од Скопје за Кочани и за Кичево, а од почетокот на 2023 ниту возот за Табановце и Куманово.
Патниците го избегнуваат возот оти кога се качуваат не се знае кога и дали ќе стигнат. Честопати има дефекти и доцнење од по неколку часа, па граѓаните не сакаат да ризикуваат.
Ова јавно претпријатие е загубар кој со години се соочува со финансиски потешкотии и постојано добива прилив од буџетот за да може да подели плати и да плати сметки.