Македонија
Ахмети и Гарет разговараа за усвоениот Закон за јазици
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, денеска се сретна со Британскиот Амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет.
Како што се наведува во соопштението ДУИ, Ахмети и Гарет разговарале за политичките активности во земјата и регионот, законот за јазиците, состанокот на Претседателството на ДУИ, како и евроатланската интеграција.
Ахмети истакнал дека со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот мировен Договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ
„Општеството и политичките лидери треба да продолжат со посветеноста кон усвојување и спроведување на системските реформи како и да се постигне достоинствен компромис со Грција во врска со спорот за името. Од услехот на овие две прашања зависи нашиот пат кон ЕУ и НАТО кој овозможува одржлив мир, безбедност и стабилност, но и благосостојба и економски развој“, истакнал лидерот на ДУИ.
Ахмети го запознал британскиот амбасадор и дека ДУИ вчера заокружила едно поглавје од нејзината политичка активност, и почнала да ја гради утрешната ДУИ.
„Овој процес е многу значаен и ќе се дискутира во наредните состаноци на Претседателството на ДУИ кои почнаа на 16 март и ќе продолжат и во наредната недела“, информирал Агмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

