Македонија
Ахмети: На 30 септември нема губитници, победуваат граѓаните
Демократската унија за интеграција својата следна активност ја одржа пред жителите на Желино, каде што во рамките на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември на граѓаните им се укажа да излезат да гласаат за зачленување на земјата во НАТО.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во својот говор на граѓаните на Желино им кажа дека на 30 септември сите граѓани на Република Македонија треба да бидат одговорни и свесни бидејќи ова е заедничка aлбанско-македонска мисија.

,,Да се биде членка на НАТО, тоа не се мери со бројот на жители што ги има државата, туку таму сите се рамноправни, исто така може да се употреби правото на вето. На 30 септември нема губитници, на 30 септември победува Република Македонија, победуваат граѓаните на ова република, значи, добиваат одржлив мир, стабилност, безбедност и членство во НАТО во наредните 15 месеци, добиваат започнување на преговорите за членство во Европската Унија во јуни наредната година. Сите министри од речиси сите земји на Европската Унија дојдоа кај нас за да ги охрабрат нашите граѓани на 30 септември да гласаат за членство во НАТО“, рече Ахмети.
Говор пред жителите на Желино одржа и шефот на Централниот штаб на ДУИ, Атила Реџепи, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, и поранешниот градоначалник на општина Желино сега во улога на шеф на штабот во општина Желино, Фатмир Изаири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерството за здравство ги разгледува можностите и капацитетите за поддршка на Швајцарија за згрижување на повредените од трагичниот пожар
Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана, соопштија од таму.
„Во таа насока, Министерството за здравство веќе постапува во координација со Дирекцијата за заштита и спасување на РСМ, а преку Координативниот центар на ЕУ за одговор на итни случаи (EU ERCC) воспоставен е канал на комуникација и со здравствените власти во Швајцарија.
Воедно, Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејствата на настраданите и најдлабока солидарност со повредените од овој трагичен настан“.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.

