Македонија
Ахмети нема да прифати да биде претседател на држава, не му е приоритет да се натпреварува за било која функција, вели Џафери
Ахмети има мисија а не е претендент за функција, истакна техничкиот премиер Талат Џафери одговарајќи на новинарско прашање за можноста, лидерот на ДУИ Али Ахмети да претендира за функцијата претседател на државата.
„Ахмети има мисија, а не е претендент за функција како што знам. Мислам дека нема да прифати да биде тоа.
Нема потреба тој да покажува кој е, и колку е, после 50 години свој придонес за оваа држава и за граѓаните во оваа држава“, рече Џафери.
Негова мисија како што рече техничкиот премиер е Европа и ЕУ и си работи на таа мисија.
„Не мислам дека му е приоритет такмичењето по однос на било која функција, да сакал функција можел да ја има било која функција во овие 22 години“ додаде Џафери.
Претходно, во јавноста имаше објавено информации дека ДУИ планира да истапи со нивниот лидер Али Ахмети за кандидат за претседател на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

