Македонија
(Видео) Ахмети: Не е добро Заев да биде претседателски кандидат
Лидерoт на ДУИ, Али Ахмети, по денешната средба со премиерот Зоран Заев не сакаше да открие кои се кандидатите за претседател , прифатливи за партијата и кои би можеле да ги поддржат на претстојните избори во април. Тој рече дека по размената на мислењата со Заев, сега дебатата се сели во партиските органи кои во наредниот период ќе го донесат конечниот избор. Ахмети не открива дали министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја има поддршката на ДУИ, а не смета ниту дека е добро решение премиерот Заев да се кандидира за претседател на државата.
Ахмети повтори дека тој лично нема намера да се кандидира за претседател.
„Одлучивме за прашањата за кои денеска разговаравме да ги ставиме на дебата во органите на партијата. Партиите ќе бидат тие коишто ќе ја преземат конечната одлука, и остана за во иднина за дополнителни консултации и информации меѓусебно да разговараат организациските секретари на двете партии. Значајно е да се почитува волјата на мнозинството на граѓаните на оваа држава. Сепак, одлуката што ќе се донесе треба да биде правилна и од полза”, рече Ахмети.
Прашан дали ќе инсистира кандидатот за претседател да биде од ДУИ, Ахмети вели дека консултациите ќе продолжат и за доброто на земјата е тој кандидат којшто ќе ја има поддршката од страните, да ја има и поддршката на граѓаните.
Ахмети вели дека на денешната средба не разговарале за имиња и останува во иднина за деталите да се разговараме.
„Не мислам дека треба да дадам мислење како претседател на партија, без да имам детална анализа за процесот да биде успешен”, рече Ахмети прашан дали Никола Димитров е прифатлив како консензуален кандидат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

