Македонија
Ахмети прогласи победа на ДУИ во Пласница
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на Алија Јаоски на предвремените локални избори во Пласница.
„Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Алија Јаоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда за волјата на граѓаните за поддршка на нашите праведни политики за сите граѓани“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.
Според пресекот на Државната изборна комисија во 18:30 часот, од вкупно 9.541 гласач, своето право го оствариле 1.959 жители. Тоа значи дека на гласање излегле 39.54 отсто од вкупниот број гласачи.
Во градочалничката трка учествуваа двајца кандидати, Алија Јаоски од Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Рамазан Шерифовски од Движењето за национално единство на Турците. Во Пласница имаше 10 избирачки места, каде сега се пребројуваат гласовите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

