Македонија
Ахмети со честитка: Војската на Косово е темел на мирот и стабилноста
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, испрати честитка по повод трансформацијата на безбедносните сили во косовската армија. Во честитката тој напиша биле потребни жртви, соништа, напори и мачење низ вековите за да се дојде до деновите на слободата, независност, војска, рамноправност и перспектива.
„Војската на Косово е и темел на мирот и стабилноста на целиот наш регион со евро-атлантска перспектива. Од денес, не само Косово туку и цела Југоисточна Европа добива уште еден сојузник во борбата за изградба на западните демократски капацитети во нашите земји, достојни за интеграција во НАТО и Европска Унија“, вели Ахмети во честитката.
Тој како предизвици во регионот ги наведе демаркацијата на границата помеѓу Косово и Србија, меѓусебното признавање, отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ на Македонија и Албанија, нашето членство во НАТО и спроведувањето на преспанскиот договор.
Сите ние кои ги делиме истите вредности, вели Ахмети, имаме идентично тежнеење за рамноправност, правда и евро-атланска интеграција на нашите земји, треба да си помогнеме едни на други пружајќи му ја раката на соседот во овој процес.
„Потсетувајќи се на борците низ годините, мачениците, ветераните, дејците, патриотите, им честитам на сите граѓани за ова монументално постигнување“, додаде Ахмети во честитката за косовската војска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

