Македонија
Ахмети со честитка до Бајден: Демократијата победи

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, му испрати честитка на новиот претседател на САД, Џо Бајден по финалната потврда за неговата победа од страна на американскиот Конгрес.
„Волјата на народот не може да се негира и владеењето на правото сепак триумфира, без оглед на непосредните и моментни предизвици за демократијата“, пишува Ахмети.
Тој во својата честитка нагласува дека нашата земја останува посветена на продлабочување на стратешкото партнерство со
САД.
„Една силна Америка значи и поголема гаранција за поправеден и побезбеден свет“, вели лидерот на ДУИ.
„Верувам дека претседателот Џо Бајден, како и Конгресот ќе продолжат да придонесуваат за поддршка на соработката меѓу Република Северна Македонија и САД и ќе продолжат да ја поддржуваат интеграцијата на нашата земја во Европската Унија“, додава тој.
Воедно, Ахмети изразува надеж дека новата администрација на Белата куќа ќе помогне во процесот на дијалог меѓу Косово и Србија.
„На претседателот Бајден му посакувам добро здравје и со среќа да го дочека 20 јануари, денот кога ќе даде свечена заклетва и ќе ја преземе функцијата“, пишува претседателот на ДУИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ, вели Петрова

Исплатата на парите од услугата МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите тече континуирано, порача денска директорката на Управата а јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.
Нагласи дека прво треба да заврши обработката на кварталните даночните пријави кои се поднесени до 25 јануари по што почнува исплатата на средствата од МојДДВ.
-Во самиот процес се случува граѓани да променуваат трансакциски сметки, а УЈП доставува групни налози до Трезорот. Често ни ги враќаат заради угасени сметки во самиот тек на поврат на средствата. Доколку и само еден граѓанин ја угасне сметката се враќаат налози за други 8.000 граѓани и тоа значи дека процесот треба да почне наново. Можеби затоа стигнавме до крајниот рок со реализацијата на услугата. Сепак, во секој случај граѓаните ќе ги добијат своите средства навреме, истакнаа од УЈП на денешната средба со новинарите.
За исплата на средства за МојДДВ, како што посочи, за изминатиот квартал се предвидени 870 милиони денари.
Македонија
Радев телефонски разговараше со Сиљановска-Давкова: Дијалог од особена важност за цврсти билатерални односи

Претседателот на Бугарија, Румен Радев и претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчера имале телефонски разговор. Како што информира Кабинетот на Радев, двајцата соговорници разговарале за важноста од контруктивен дијалог на највисоко ниво меѓу двете земји.
– Овој дијалог е од особена важност и за изградба на цврста основа за развој на билатералните односи и за решавање на регионалните и глобалните предизвици поврзани со обезбедувањето на безбедноста, борбата против тероризмот и справувањето со нелегалната миграција, се наведува во информацијата од Кабинетот на бугарскиот претседател Радев.
Македонија
Тошковски тврди дека сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во главниот град, сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти, а сообраќајните незгоди со телесна повреда за околу 24 проценти. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, како што изјави Тошковски, е намален за околу 13 отсто споредено со минатата година.
Полициските контроли во главниот град се интензивирани по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која на 29 јануари загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.
Според Тошковски, кога ќе има постојан видео надзор, секој граѓанин кој ќе направи прекршок, ќе биде детектиран и казнет и секој ќе ги почитува сообраќајните правила.
– Не е целта да се казнуваме, туку да немаме луѓе коишто гинат на улица, подвлече Тошковски.