Македонија
Ахмети се сретна со новиот косовски амбасадор
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во Мала Речица оствари средба со новиот амбасадор на Република Косово во Скопје, Флоријан Ќехаја.
Ахмети во оваа пригода упати честитки за именувањето на Ќехаја и ги пренесе неговите убедувања, но и на своите сопартијци дека добрата и ефикасна соработка со Република Косово ќе продолжи да се развива со уште поголем интензитет.
Тема на разговор на средбата меѓу претседателот Ахмети и амбасадорот Ќехаја беа и добрите билатерални односи кои се засноваат на заемна поддршка и отворен дијалог меѓу двете земји.
Дел од разговорот за време на оваа средба беа и инфраструктурните проекти, меѓу кои градежните работи на автопатот Скопје – Блаце, Коридорот 8, патот Тетово – Призрен, како и другите значајни проекти со цел поврзување не само на Северна Македонија со Косово, туку и на целиот Западен Балкан.
Ахмети и Ќехаја разговараа и за проектот One Stop Shop, кој наскоро треба да се реализира и преку кој ќе се отстранат граничните премини и ќе се обезбеди поголем капацитет за движење на нашите граѓани.
Воедно, претседателот Ахмети му порача на амбасадорот Ќехаја дека Северна Македонија, односно претставниците на Владата имаат и ќе продолжат да имаат афирмативен став до членството на Република Косово во сите регионални и европски организации и иницијативи.
Амбасадорот Ќехаја од негова страна на претседателот Ахмети му ја пренесе својата благодарност и благодарноста на Република Косово за тесната и ефикасна соработка меѓу Северна Македонија и Косово на различни сфери кои се од заеднички интерес.
Ќехаја му се заблагодари на Ахмети и на Демократската унија за интеграција за, како што рече, систематската посветеност што ја даваат на институциите на Република Косово кон евро-атлантските аспирации и за подготвеноста за споделување на искуствата во овој план.
На завршетокот на оваа средба, двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу двете соседни земји ќе продолжи да се продлабочува, особено во унапредувањето на економската соработка, што е можно побрзото инфраструктурно поврзување и евро-атлантските интеграции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

