Македонија
Бабовски повикува на совесно и безбедно празнување на Курбан-бајрам
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство им го честита празникот Курбан-бајрам на граѓаните од муслиманска вероисповед и повикува на совесно и безбедно празнување.
Најавува дека во наредните денови ќе се интензивираат контролите во кланиците и во делот на спречување нелегално колење животни на јавни површни, со цел обезбедување високо ниво на заштита на здравјето на граѓаните и консумација на безбедно месо, кое потекнува од здрави животни, почитувајќи ги културните и религиските барања на верските заедници.
Во рамките на вонредните засилени контроли, кои пред празникот Курбан-бајрам ги спроведе Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Исламската верска заедница, Министерството за внатрешни работи, општинските комунални и инспектори за заштита на животната средина, изречени се 19 казнени мерки од спроведени деведесет контроли. Најголемиот број неусогласености се утврдени во Тетово и Гостивар и се однесуваат на непоседување сертификат за здравствена состојба на животните или за продажба на животни што не се идентификувани.
Со спроведените контроли во Скопскиот Регион и во другите општини не се утврдени неусогласености.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

