Македонија
Балансерот е минато, етничката припадност не смее да биде критериум за вработување, велат од Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз ја поздравува одлуката на Уставниот суд да го укине т.н. Балансер, алатката за вработување според етничка припадност, со која директно се кршеше начелото на уставно загарантирано право на работа и слободен избор на вработување на сите граѓани, независно од нивната етничка, верска и социјална припадност.
Балансерот поттикна бројни злоупотреби и направи вистинска карикатура од декларирањето на етничката припадност на граѓаните, кои само за да се доберат до работно место во државната администрација, масовно лажно се прикажуваа како Албанци, Македонци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, Срби, велат од ДС.
Демократскиот сојуз нагласува дека мерит-системот треба да биде единствената алатка за вработување и унапредување на повисоки раководни места во државните и јавните институции. Што се однесува до соодветната и правична застапеност на етничките заедници, која исто така е уставна категорија, важно е да потенцираме дека припадниците на етничките заедници може да имаат предност при вработувањето во државните и јавните институции на национално и на локално ниво, единствено доколку со другите кандидати се изедначени во професионалните квалитети. Тоа е суштината на позитивната дискриминација која се применува како успешен модел во некои мултиетнички општества на Запад, соопшти ДС.
Етничката припадност не може и не смее да биде критериум за вработување и за унапредување на раководни позиции во јавните институции. Законот за правична застапеност кој се најавува како замена за укинувањето на т.н. Балансер, мора да ги има предвид овие европски и светски стандарди, се наведува во соопштението на ДС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.
Македонија
СДСМ: Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“
Имаме и ние „Ќаци“ препишувачи. Ова безидејно ДПМНЕ целосно го копира Вучиќ, реагираат од СДСМ, на изјавата на Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ објавува соопштение дека Никола Груевски од Будимпешта ги води и им пишува што да кажат, праќа денеска соопштение ДПМНЕ „Заев од Дубаи“ ги пишува текстовите на СДСМ. Вчера СДСМ објави соопштение со наслов „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“. СДСМ објавува соопштение „кога крадецот вели држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови „крадецот вели држете го крадецот“. Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“. Ама во ВМРО-ДПМНЕ очигледно не ја разбрале добро улогата на Светите Кирил и Методиј и нивните школи, како ни улогата на Климент Охридски. Тие се поблиски до препишувачката Ресавската школа. Бадијала им е на македонските „Ќаци“ препушувачи, граѓаните знаат и гледаат. Криминалот е на виделина. Сите ќе одговарате од прв до последен“, пишува во реакцијата.
Македонија
Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар.
„Интензивно се работи на автопатот Тетово – Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија“, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.

