Македонија
Барањето на Мицкоски за аместија е нереално и штетно, смета Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ
Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ, реагира по барањето на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, за амнестија за настаните од 27 април.
„Грујовистичкиот лидер Мицковски се обидува да се додовори на членството на ВМРО ДПМНЕ како и да го симне од себе и од партијата товарот кој свесно им го натоварија на осудените, обвинетите и осомничените за случувањата од 27 април, неводејќи сметка за шетните последици по државата. Притоа тој повторно во стилот на неговиот ментор Груевски со своето голо популистичко барање за амнестија сосема свесно одработува и за амнестија на други осудени лица“, смета фракцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат дека Мицкоски е свесен оти удоволувањето на ова негово барање ќе предизвика и барање за амнестија на терористите од Диво насеље во пакет, а тоа не смее да се случи. Од фракцијата предлагаат Мицкоски да им помогне на осудените одвојувајќи парични средства и бесплатна правна помош.
„За почеток најдобро е да одвојат дел од огромните финанискиски средства со кои располага партијата и партиските функционери и финансиски да ги помогнат семејствата на осудените и останатите осомничени и обвинети од 27 април доколку сметаат дека се невини. Второ, на сите оние кои се обвинети, осомничени или осудени да им понуди најквалитетна бесплатна правна помош и одбрана со цел да се искористат сите (нови и стари) факти како и редовни и вонредни правни лекови кои им стојат на располагање пред надлежните органи за да ја докажат својата невиност или пак политичка монтировка“, порача Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, се друго е само обид за залажување на јавноста и собирање на евтини полтички поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

