Македонија
(Видео) Бајрами: Лицето што утринава ги нападна тројцата полицајци, најверојатно, ќе биде кривично гонето
Досега, освен за инцидентот во ОУ „Лазо Ангеловски“, кој се случи утринава околу 9 часот, кога едно лице на гласачкото место 2708 нападнало тројца припадници на полицијата, други поголеми инциденти засега не биле пријавени, изјави јавниот обвинител Џељал Бајрами на денешната прес-конференција. Бајрами додава дека за инцидентот што се случи ова утро добил известување од МВР и дека во текот на денот Обвинителството ја чека целата документација за случајот од страна на МВР.
„Секторот за внатрешни работи Скопје го извести Обвинителството за извршено кривично дело денеска во 9.20 часот во дворот на ОУ ‘Лазо Ангеловски’ во Скопје на гласачкото место број 2708. Делото е извршено од едно лице што нападнало тројца униформирани полициски службеници. Осомничениот е задржан во полициска станица. Во координација на Основното јавно обвинителство Скопје, СВР Скопје постапува за целосно документирање на настанот по што ќе ја достави целата документација со кривична пријава против осомничениот за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик“, изјави јавниот обвинител Џељал Бајрами.
Комисијата за следење на евентуалните неправилности за време на гласањето на референдумот постојано ги следи активностите поврзани со процесот на гласање, додаде јавниот обвинител Џељал Бајрами и посочи дека Обвинителството е во постојана комуникација со сите дежурни јавни обвинители во земјат, како и дека се во постојана комуникација со МВР. Јавниот обвинител додаде и дека посериозни неправилности немало на гласачките места на територијата на Македонија.
Бајрами изјави дека Обвинителството има сознанија за мал инцидент во Радовиш, каде што едно лице фрлало летоци, но надлежното Обвинителство информира дека со ова дејство е сторен прекршок, и во Штип, каде едно лице неовластено фотографирало. Фотографирано било лице што носело храна на избирачко место, а лицето што неовластено фотографирало е задржано во полиција на разговор, информира Бајрами.
Во обвинителствата во Гостивар и Битола не се пријавени неправилности поврзани со процесот на гласање.
На електронската адреса на Обвинителството, додава Бајрами, пристигнале десетина поднесоци, кои се однесувале за помали неправилности, а седум или осум од поднесоците, додава обвинителот, биле поднесени од едно исто лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Осмомартовски марш во Скопје со порака „Нема да нè снема“
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Платформата за родова еднаквост повика на традиционален марш за женски права што ќе се одржи во Скопје.
Според соопштението, маршот ќе започне во 12:00 часот во паркот „Жена Борец“, а ќе заврши пред украдената биста на Вера Јоциќ, како симболичен чин на протест против, како што се наведува, „фактичкото и фигуративното бришење на жените во општеството“.
Организаторите посочуваат дека слоганот „Нема да нè снема“ ја изразува борбата на жените за опстанок и безбедност во систем кој, според нив, често не ги штити од насилство и ги остава на маргините на општеството. Се наведува дека женската работа често е невидлива, помалку платена и недоволно заштитена, а особено ранливи се жените што работат хонорарно, кои често немаат здравствено, социјално и пензиско осигурување.
Платформата за родова еднаквост посочува и на зголемен број случаи на родово базирано насилство и фемициди, нагласувајќи дека институционалните пропусти оставаат многу жени без заштита и правда.
Со маршот на 8 март, организаторите повикуваат граѓаните да се приклучат и заедно да испратат порака дека жените ќе продолжат да се борат за еднаквост, безбедност и достоинство.
Македонија
СДСМ да не користи трагедии како во минатото за добивање на политички поени, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Срамно и безобразно е соопштението од страна на СДСМ во однос на трагедијата која се случи во скопски Карпош, оценува ВМРО-ДПМНЕ.
„Истата партија СДС, да потсетиме дека обично кога се во опозиција, трагедиите ги користи стрикно за собирање на политички поени, а не за да покаже емпатија. Случајот со Нешковски, малата Тамара, Диво Насеље, Смилковско езеро и многу други, се случаи кои СДС пред да дојде на власт со Заев и Филипче, ветуваше правда и велеше дека ќе обелодени некаква вистина која била криена по повод овие трагедии. СДС со Заев и Филипче, кога дојдоа на власт, заборавија на се како да имаат амнезија.
Затоа, за оваа тема, која ја потресе цела јавност, ги замолуваме СДС да не ја користат за политички поени. За разлика од порано, разликата е во тоа што сега работите се кажуваат гласно и транспарентно, а виновниците имаат имиња и презимиња.
ВМРО-ДПМНЕ упатува сочувство до семејствата на жртвите и посакува да не се случуваат вакви трагедии во иднина“, се вели во реакцијата.
Македонија
Од Пинтија до Драчево ќе се гради современ булевар со четири ленти
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека почнува реализацијата на изградбата на булеварот Борис Трајковски.
Објавена е јавната набавка, а по завршување на законската постапка, градежните работи се очекува да почнат за околу 40 дена. Рокот за изведба е до крајот на календарската година.
Проектот опфаќа изградба на современ булевар во должина од 850 метри, со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека, на потегот од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево. Со ова трајно ќе се реши долгогодишниот сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат над 100.000 граѓани.

Надлежните апелираат за трпение за време на градежните активности, нагласувајќи дека привремените отежнувања ќе донесат долгорочно, квалитетно и безбедно сообраќајно решение за сите граѓани.

