Македонија
Бедредин Ибраими: Служев војска, имам факултет и не примам наредби на 63 години
Ексчленовите на ДИК, Виолета Дума, Борис Кондарко, Субхи Јакупи и Васил Крстев, на предлог на СЈО на следното судско рочиште ќе сведочат за случајот „Титаник 2″. Обвинетиот поранешен член на ДИК, Бедредин Ибраими, пред судот рече дека служел војска и му дале плико затворено со наредба да не го отвора бидејќи било тајна.
Потоа добил признание дека тешко прима наредби, за да го оспори обвинението на СЈО, дека по наредба на Мендух Тачи гласал за поништување на гласањето на едно избирачко место во Струмица. Тој рече дека имал факултет и 2 деца и било нелогично да се мисли дека на 63 години прима наредби.
Претходно беше пуштен снимен аудиоматеријал од седницата на ДИК, кога еден час се натегале членовите на ДИК за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласачкото место 1727.
Мендух Тачи реагираше дека немал превод на албански јазик на транскриптот. Следното рочиште е закажано за 27 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

