Македонија
Безбедноста на храната, влијанието врз здравјето на граѓаните: АХВ и годинава дел од кампањата на EFSA Safe2eat
Како контакт-точка на Агенцијата за безбедност на храната на Европската Унија (EFSA), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е дел од кампања Safe2Eat насочена кон зголемување на довербата на потрошувачите за безбедноста на храната, во Европската Унија (ЕУ) и кај нас. Во рамките на кампањата, која EFSA ја реализира со земјите партнери од ЕУ, годинава со проширен опсег, продлабочувајќи ја поврзаноста со граѓаните, Агенцијата за храна и ветеринарство во оваа кампања акцент ќе стави на темите што се однесуваат на додатоците во исхраната, безбедното ракување со храна, здравствените тврдења и влијанието на храната врз здравјето на граѓаните, соопштија од Агенцијата.
Во петтата година од реализацијата на кампањата EFSA настојува на потрошувачите да им обезбеди јасни, научно поддржани факти за безбедноста на храната и совети, со цел да им помогне да прават избор на храна како информирани потрошувачи. Годинава, означувајќи значајна пресвртница во нејзината мисија да им помогне на повеќе Eвропејци да ги прават своите избори на храна со доверба, во кампањата Safe2Eat 2025 учество земаат 23 земји (Албанија, Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Луксембург, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Словачка, Шпанија и Турција).
Активностите поврзани со темите што ги избра АХВ во рамките на оваа кампања на EFSA, ќе се реализираат во соработка со операторите, науката, стопанските и независната Лекарска комора и со претставници од невладиниот сектор. Во соработка со граѓаните како потрошувачи, во согласност со акцискиот план на кампањата, ќе бидат направени неколку јавни анкети поврзани со прашањата што се однесуваат на додатоците во исхраната, здравствените тврдења, безбедното и правилно ракување со храната и за влијанието на храната врз здравјето на потрошувачите. Резултатите од анкетите АХВ ќе ги сподели со македонските граѓани и со Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) за понатамошна евалуација.
Како еден од најригорозните системи за безбедност на храната на глобално ниво, европскиот, поддржан од најсовремената наука, вклучува тесна соработка меѓу Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) и националните власти за безбедност на храната во Европа, вклучително и со Северна Македонија, при што сите имаат клучна улога. Врвни научници од Европа прават процена на безбедноста и хранливата вредност на храната и даваат совети, тесно соработувајќи со национални и меѓународни партнери, произведители, организации на потрошувачи и групи од граѓанското општество. Заедно тие ја комбинираат експертизата на ЕУ и националната, обезбедувајќи примена на најновите докази и пристапи со цел обезбедување безбедност на храната и за европските и за македонските граѓани.
Мината година, според оценките на EFSA, кампањата Safe2Eat достигнала рекордни нивоа на влијание допирајќи до 45 проценти од целната публика во Европа, односно до повеќе од 50 милиони Европејци. Нагласувајќи ја важноста на безбедноста на храната во секојдневните одлуки и потврдувајќи го и влијанието врз донесувањето одлуки од страна на потрошувачите, според резултатите од анкетата што ја спровела EFSA во декември минатата година, оние граѓани што ја прифатиле кампањата биле повнимателни при изборот на храна водејќи сметка за нејзината безбедност.
Годинешната кампања, изградена на постигнувањата на ланската, има цел да го продлабочи своето влијание преку проширување на нејзината реализација, вклучувајќи пет нови земји учеснички, да ги реши клучните грижи на потрошувачите за безбедноста на храната, како што е улогата на науката за обезбедување безбедна храна, ставајќи акцент и на важноста на јасното означување на храната и придобивките од намалувањето на отпадот од храна. Зголемена ќе биде и достапноста на информациите за безбедноста на храната со нови, лесно разбирливи содржини, приспособени на разни демографски и културни контексти.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги повикува потрошувачите од Македонија да ја посетат официјалната интернет-страница на кампањата (https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat), да ги проучат едукативните материјали и да се поврзат со содржината на кампањата на социјалните мрежи користејќи го #Safe2EatEU.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ако сѐ било по пропис, зошто Владата не ги објавува листите со патници во авионот, прашува СДСМ
Доколку користењето на владиниот авион од било целосно согласно законите и прописите, тогаш зошто Владата упорно одбива да ги објави листите со патници, прашуваат од СДСМ.
„Што се крие од јавноста? Според Мицкоски, на Јадранско море прво отишол со комерицијален лет со семејството, па го продолжил одморот, па бил на вечера, поради што го прпошутил комерцијалниот лет за враќање па затоа морал да се враќа со владиниот авион од Сплит. Генералната декларација (General Declaration) е задолжителен документ во меѓународната авијација што се доставува за да се идентификува воздухопловот, неговиот екипаж и патниците и мора да се приложи за секој меѓународен лет. Еве, Владата нека ги објави документите, за да видат граѓаните кој се патувал со владиниот авион и колку тоа ги чинело“, велат од СДСМ.
Од партијата додаваат дека граѓаните го плаќаат авионот, летовите, трошоците за екипаж, одржување и гориво.
„Затоа граѓаните имаат право да знаат: Кој сѐ летал со владиниот авион? Колку точно чинел секој лет?Особено што нема пари за плати, нема пари за 600 евра минимална плата, се кратат 3 милиони евра од пациентите со ретки болести, се кратат 40 милиони евра од земјоделците. Ако сѐ било законски – објавете ги списоците. Ако нема што да се крие – покажете ги документите.Јавноста заслужува одговор“, велат од СДСМ.
Македонија
Наместо празните ветувања од СДС, работниците добија реално повисоки плати, приоритет на Владата е стабилна економија и раст на платите, велат од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена на заштитата на работниците и унапредувањето на животниот стандард на сите граѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е обезбедување стабилна економија во која трудот се вреднува, платите растат, а институциите функционираат одговорно и транспарентно. Со политики насочени кон реален економски раст, создавање нови работни места и почитување на колективните договори, се поставуваат темелите за долгорочна финансиска сигурност.
Со ВМРО-ДПМНЕ на чело на државата, платите бележат реален пораст, а мерките што се спроведуваат се насочени кон подобрување на куповната моќ и стабилизирање на економските текови. Наместо празни ветувања, се реализираат конкретни политики што носат резултати.
Додека ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, застанавме на страната на работниците затоа што постоеја сериозни проблеми како доцнење на платите, непочитување на колективните договори и обиди минималната плата да се отстрани од формулата за пресметка“.
Таквата промена, како што додаваат, ќе го прекинеше линеарниот раст и ќе ја ослабеше заштитата на илјадници вработени.
„Заедно со синдикатите поднесовме повеќе од 40 амандмани и го спречивме тој процес. Со тоа обезбедивме минималната плата да остане дел од системот, што овозможува со нејзиниот раст да растат и останатите примања“.
Денес, велат, разликата е очигледна. Според оваа партија, по две години управување со државата, не се зборува за барања, туку за реализирани обврски.
„Отворени сме за разговор за минималната плата, но одлуките мора да се носат институционално, преку Економско-социјалниот совет и со пристап што обезбедува економска стабилност.
Работниците заслужуваат стабилност, сигурни договори и политики што даваат конкретни резултати“.
Македонија
Забрана за камиони на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево
Од 06:50 ч., воведена e забрана за тешки товарни возила на патните правци Маврово – Дебар и Гостивар – Стража – Кичево поради обилни врнежи од снег, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Слаб снег провејува на П.Шапка кој во мометов не се задржува на коловозот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

