Македонија
Без струја делови на Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров

„ЕВН Македонија“ АД информира дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Карпош и Ѓорче Петров.
Во периодот од 7:30 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улицата Лазар Поп Трајков зградите 17, 18 и 19, во време од 7:30 до 12 часот брз струја ќе бидат корисниците од зградата бр.12 на улицата Трифун Хаџи Јанев, зградите со броеви 2 и 4 на улицата Ташко Караџа, Ветеринарниот институт и околните згради околу трафостаницата Автокоманда-2. (Општина Гази Баба).
Во периодот од 8:30 до 11.30 часот без струја ќе останат корисниците од ул. Алекса Демниевски подулицата бр.27 и околните подулици.
Во периодот од 7:30 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од улиците Митрополит Теодосиј Гологанов објектите со броевите од 216 до 226 (само парните броеви), околу ТЦ„Олимпико“ на улицата Јуриј Гагарин објектите со броевите од 103 до 115 (само непарните броеви) и хотелот „Ибиш“, (Општина Карпош). Во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе остане стопанскиот објект „Кадис“ во ТЦ Олимпико, (Општина Карпош), во периодот од 9 до 12 часот без струја ќе останат корисниците од дел на улицата Ибе Паликуќа, (општина Ѓорче Петров), и во периодот од 12:30 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улицата Исаја Маџоски, објектите околу бројот 42, во општина Ѓорче Петров.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).