Македонија
Без струја делови на Центар, Кисела Вода и Аеродром

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека, заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат:
Од 16:00 до 17:00 часот корисниците од дел од поранешната зграда на Метропол на плоштадот – „Македонија“ . (Општина Центар )
И задутре, без струја ќе останат:
Од 08:30 до 14:30 часот корисниците од дел од ул. „Милан Мијалковиќ“ . ( Општина Кисела Вода )
Од 10:30 до 15:00 часот корисниците од ул. „Христо Смирненски“ бр. 38. ( Општина Центар )
Од 11:30 до 14:00 часот корисниците од дел од улиците: „Богомилски Поход“ и „Ѓорѓи Андреевиќ Кун“ . ( Општина Аеродром )
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Забрана за камиони на регионалниот пат Дебар – Маврово

Од 06:50 часот поради врнежи од снег, воведена е забрана за сообраќај на товарни моторни возила на регионалниот пат Дебар – Маврово, извести АМСМ.
Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.