Македонија
Без струја делови на Чучер Сандево, Сарај, Кисела Вода и Ѓорче Петров
Од „ЕВН Македонија“ АД добиено е известување дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје и без електрична енергија ќе останат делови на Чучер Сандево, Сарај, Кисела Вода и Ѓорче Петров.
Без струја од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од село Семениште (среде село) (општина Сарај), од 9 до 12 часот корисниците од дел од булеварот Партизански одреди и улицата Костурски херои кај Градежниот факултет (општина Центар), како и ХЕЦ „Хидроинвест“, ХЕЦ ЕМК МКЕ 115, дел од селото Мирковци, селото Бањани, селото Чучер, селото Сандево, селото Горњани, караулата „Рамно“, манастирот „Св. Илија“ (општина Чучер Сандево).
Од 8.30 до 10 часот струја ќе немаат корисниците од село Глумово, село Шишево, село Матка, стопанските објекти, „Адријус“, „Бис оил“, „Глумово тијамо“, дел од село Сарај (објекти во близина на клучката кај Матка) (општина Сарај), од 12.30 до 16 часот корисниците од улицата Мариовска, Мариовска подулица со број 1, улицата Фредерик Шопен и улицата Томе Арсовски (општина Кисела Вода), од 10 до 13 часот корисниците на дел од улицата Црногорска на пат за с. Кондово (општина Ѓорче Петров), од 12 до 15 часот корисниците на дел од улиците Михаил и Ефтихиј и Ѓорги Димитров (општина Кисела Вода), од 9.30 до 13 часот корисниците на дел од село Кучково (викендичките) (општина Ѓорче Петров).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Празнично работно време на шалтерите на ЈП Водовод и канализација – Скопје
ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека денеска (среда) шалтерите за наплата, шалтерите за рекламации, како и операторите во Дирекцијата на претпријатието ќе работат во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
01.01.2026 година (четврток) е неработен ден.
Од 02.01.2026 година (петок), се продолжува со редовно работно време.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.

