Македонија
Без струја делови на Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош и Гази Баба

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа без електрична енергија ќе останат делови на Чучер Сандево, Шуто Оризари, Карпош и Гази Баба.
Од 9 до 15 часот, без струја ќе бидат корисниците од село Глуво (Општина Чучер Сандево), од 9 до 15 часот, корисниците од улицата Индира Ганди и дел од улицата Јован Хаџи Шишков. (Шуто Оризари), од 9 до 1 часот, корисниците од улицата Женевска од бројот 10 до бројот 17 и објектите во непосредна близина на бројот 17 (општина Карпош) и од 8:25 до 15 часот корисниците од нас. Трубарево, Краварство Трубарево, Репетиторот на МРТВ, Капитал инвест, Ергеле, Рибник, Сточниот пазар, Лукоил и ЧУКУР (општина Гази Баба).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.
Македонија
Без вода дел од „Киро Глигоров“, „Индустриска“ и околните објекти

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф500мм на ул.7,2 во Јазол 1 на булевар Киро Глигоров бб, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од булевар Киро Глигоров и Индустриска и околните објекти (ф-ми МЕРЦЕДЕС, СЛАВИЈА, ФОН факултетот и др.)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување.
Македонија
Без струја дел од Кисела Вода и Ѓорче Петров

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Димо Хаџи Димов – зграда број 105А и зграда број 116 во општина Кисела Вода;
· Во периодот од 09.00 до 15.37 часот, дел од корисниците во Волково улица 101, 102, 103, општина Ѓорче Петров.