Македонија
Без струја делови од Аеродром и Чаир

Дел од корисниците на Аеродром и Чаир ќе останат без електрична енергија.
„ЕВН Македонија“ извести дека за денеска се планирани следните исклучувања во електросистемот: во периодот од 11:15 до 14 часот корисниците од булеварот Трета македонска бригада (делот спроти Раде Кончар), улица Руди Чајавец, бензиската пумпа на „Макпетрол“ и околните објекти и во периодот од 8 до 10:30 часот корисниците од зграда бр. 72 на ул. 7 албанска бригада во Општина Чаир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Магла на планинските премини Стража и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла, намалена е видливоста до 70 метри на планинските премини Стража и Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја денеска Кисела Вода, Ѓорче Петров и Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Димо Хаџи Димов лоцирани кај агенцијата ОСА. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.30 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. Веле Марков, како и корисниците од ул. Кичевска. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата после гробиштата во Марино кон населба Јака. (општина Илинден)
Скопје
Дел од Општина Центар без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм на ул. Максим Горки бр. 13 во населба Центар, во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Максим Горки. ( општина Центар )