Македонија
Без струја делови од Скопје
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– од 8.30 до 14.30 часот корисниците од с. Пагаруша (општина Студеничани),
– од 9 до 12 часот корисниците од бул. Кузман Јосифовски – Питу, згради бр. 26 и 28; ул. Сименон Кавракиров, броеви од 19 до 27 (по старо од 12 до 20) (општина Аеродром),
– од 9 до 13 часот корисниците од с . Ракотинци, делот од учлиштето кон општина Сопиште, месност Црвена Прс (општина Сопиште),
– од 9.30 до 13.30 часот корисниците од дел од ул. Воин Драшкоци, ул. Зејнел Ајдини, ул. Браќа Галеви (општина Ѓорче Петров),
– од 9 до 14 часот корисниците од дел од с. Глуво, с. Бразда, с. Горно Оризари и „Гранит“, општина Бутел и Чучер Сандево),
– од 10 до 12 часот корисниците од с. Гулмово, с. Шишево, Матка, и фирмите Адријус“ и „Тиамо“ (општина Сарај),
– од 9 до 10 часот корисниците од резервар „Батинци“, с. Горно и Долно Количани, с. Пагаруша, с. Вртекица, с. Рамни Габер, с. Драчевица, с. Цветово, Црвена Вода, Дом „Китка“, с. Палиград, Караџица и Мала Река (општина Студеничани) и
– во периодот од 11 до 13 часот корисниците од с. Љубош и с. Батинци, „Дрисла“, пумпа „Дрисла“, депонија „Дрисла“ и фирмата „Роло пков“ (општина Студеничани), информираат од „ЕВН Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

