Македонија
Без струја делови од Чучер-Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Петровец

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општина Чучер-Сандево, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар и Петровец.
Во периодот од 8:00 до 15:00 часот корисниците од делови од селата Бањани, Чучер и Сандево, во општина Чучер-Сандево ќе бидат без електрична енергија.
Понатаму, како што посочуваат од ЕВН во своето соопштение, без струја во периодот од 8:40 до 14:00 часот ќе бидат и дел од корисниците од улиците Женичка, Коце Металец, Гемиџиска, Филип Филиповиќ, Ташко Караџа, Бапчор, Лазар Поп Трајков, Киро Глигоров, Габреж и СУГС Панче Арсовски, во општина Гази Баба, додека, пак, во периодот од 8:55 до 14:00 часот во истата општина ќе бидат и дел од корисниците од улиците Гемиџиска, Зеничка, Коце Металец, Душан Тасковиќ, Филип Филиповиќ, Тајмишка и Рударска.
Во општина Центар во периодот од 9:00 до 15:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците од дел од улицата Рајко Жинзифов, а во општина Ѓорче Петров струја ќе нема во периодот од 10:15 до 13:14 часот кај корисниците од викендичките околу село Кучково.
Во периодот од 8:50 до 16:00 часот, како што стои во соопштението на ЕВН, без електрична енергија ќе останат и корисниците од село Живиње и село Катлановска Сушица во општина Петровец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни регистарски таблички.
Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, потврди дека сите институции ќе мора да ги заменат табличките до крајот на годината. Првичниот рок од 15 септември е продолжен до 29 септември, а како конечен датум се споменува 31 декември, кога Министерството за внатрешни работи треба да го финализира регистарот на возилата.
Новите црвени таблички со жолти ознаки ќе важат за сите возила во државна сопственост, а жолтите со црвени ознаки за специјални намени. Иако правилникот не предвидува казни за институциите што ќе доцнат, новите ознаки ќе станат задолжителни при првата регистрација. Според проценките, државата располага со околу 7.500 службени возила, но точната бројка ќе биде позната по изработката на регистарот.
За ЛДП, оваа мерка е јасна порака дека јавните ресурси не се лична привилегија на малкумина. Ова е петти наш предлог прифатен од државните претставници во изминатата година, по иницијативите за референдум за отповикување градоначалници, толкувањето на заклучоците од ЕУ и одложеното дејство на уставните измени, намалувањето на банкарските провизии и зголемените инвестиции во домашната одбранбена индустрија.
„Апелираме институциите навремено да ја завршат постапката и да ги заменат регистарските таблички во законскиот рок. Само така, со транспарентно работење и институционална дисциплина можеме да ги спречиме злоупотребите во иднина и повторно да ја вратиме довербата на граѓаните во институциите“, велат од ЛДП.
Македонија
Дали Македонија станува „третата српска република“, прашуваат од ДУИ

Демократската унија за интеграција е загрижена и алармира до јавноста дека Северна Македонија се соочува со отворена офанзива на злогласниот проект „Српски свет“.
„Овој проект сè почесто се манифестира на официјален начин, со присуство и, за жал, со благослов на државни претставници на нашата земја.
По прославите во Битола, каде високата делегација на Србија заедно со министри и претставници на нашата Влада под превезот на „Солунскиот фронт“ го чествуваа српското окупирање на нашите територии, на 7 септември 2025 година на Кајмакчалан ја слушнавме и скандалозната изјава на српскиот министер за одбрана, Братислав Гашиќ, кој зборуваше за „патот на слободата“ и „враќањето во татковината“ на српската војска на територијата на Македонија“.
Присуството на нашите институции во вакви сценарија, свелат од ДУИ, претставува не само тежок историски и политички провокациски чин, туку и обид за релативизирање на суверенитетот на нашата држава, претставувајќи ја Северна Македонија како „третата српска република“.
„Тоа е неприфатливо. Тоа е директна закана за идентитетот, државната стабилност и евроатлантската ориентација на земјата“.
ДУИ нагласува, проектот „Српски свет“ е непријателски кон Северна Македонија.
„Рамковниот договор, меѓуетничката кохезија и нашиот неповратен пат кон Европската Унија се единствената гаранција за сигурна иднина. Секој обид за поткопување на овие вредности ќе се соочи со нашето решително и бескомпромисно противење.
Северна Македонија не е, и никогаш нема да стане „третата српска република“.
Македонија
„Очигледен е стравот на Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење“, велат од СДСМ

„Случајот со АНБ кој го спремаа за пред избори и требаше да биде некакво оружје против СДСМ, но им испукна како бомба во раката. Власта бега од декласификација на документите и се плаши јавноста да ја дознае вистината“, велат од СДСМ.
„Очигледен е стравот на премиерот Христијан Мицкоски од содржината на документите што треба да ја докажат неговата приказна за наводно следење.
Декласификацијата ќе открие сè, дали и кој бил следен, кој со кого соработувал, за какви цели, што се крие од јавноста, но и зошто на овој начин ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира јавноста.
Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши сè да се дознае?
Дали станува збор за: соработка на Мицкоски со странски служби, за комуникација со руски агентури, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ?
Дополнително, ако власта тврди дека СДСМ прислушувала, зошто тогаш бега од декласификација? Ете нека ги декласифицираат документите и нека се дознае сè.
СДСМ не се плаши и нема што да крие. Декласификација јасно ќе покаже сè и кој треба да одговара, но и која е виситната позади случајот. Толклу ли многу се плашите од вистината“, прашува СДСМ преку соопштението.