Македонија
Без струја денеска делови од неколку скопски општини

ЕВН извести дека, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат улици во неколку скопски општини.
Од 8.30 до 13 часот струја ќе немаат корисниците од дел од улицата Волковска во село Ново Село, општина Ѓорче Петров.
Од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје информираат дека поради активности за поставување кабелски електричен вод, екипите на „ЕВН Македонија“ на дел од улицата Волковска, во населеното место Ново Село, во текот на 7.9.2023 година (четврток), во временски периодот од 8 часот наутро до 13 часот попладне, ќе воведат привремен режим на сообраќај.
Привремениот режим ќе биде обележан со соодветна сообраќајна сигнализација.
ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот.
Без струја од 9.30 до 11.30 часот ќе останат корисниците од дел од населбата Усје, општина Кисела Вода, од 9 до 13 часот корисниците од улицата Манчу Матак во населбата Хром, општина Ѓорче Петров, од 9 до 14 часот корисниците од улицата Румена Хаџипанзова во населбата Драчево, општина Кисела Вода, и од 9 до 14 часот корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.