Македонија
Без струја неколку скопски општини

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека, денеска, поради планирани прекини во дистрибутивниот систем за електрична енергија, без напојување ќе останат:
– во периодот од 8 до 12 часот дел од корисниците од село Ласкарци (општина Сарај);
– во периодот од 8.30 до 15 часот дел од улицата Антон Попов, улицата Фрушкогорска, дел од улицата Христифор Жефаровиќ (општина Гази Баба);
– во периодот од 9 до 13 часот дел од објектите на потегот од џамијата до Општината, улицата 2 во Студеничани;
– во периодот од 9 до 14 часот дел од улицата 23 и дел од улицата Христо Татарчев, во делот од улицата 23 до новиот кружен тек кон Сончев Град (општините Кисела Вода и Сопиште).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.
Македонија
Наутро со услови за магла по котлините, преку денот променливо облачно

Времето денеска, наутро со услови за појава на магла по котлините. Преку денот променливо облачно, претежно во планините со услови за појава на слаб краткотраен дожд кој ќе преминува во слаб снег. Особено попладне ќе има сончеви периоди и ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје наутро со услови за магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди особено попладне и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла и ниска облачност. Врнежи од дожд ќе има во четврток, а пообилни врнежи ќе има за време на викендот. Од утре дневната температура во повеќето места ќе биде за 3 до 5 степени повисока.