Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска поради закажани технички зафати во системот на електрична енергија без напојување со електрична енергија ќе бидат следните корисници:
-Во период од 10:30 до 13:00 часот дел од ул. Струшка (општина Карпош)
-Во период од 8:30 до 14:30ч дел од ул. дел од ул. Блажо Орландиќ (парни од бр.8 нагоре) (Aеродром)
-Во период од 8:00 до 15:00ч дел од ул. Орце Николов (општина Центар)
-Во период од 9:00 до 14:00ч корисниците од с. Буковиќ, Раовиќ, Ласкарци, Паничари (општина Сарај)
-Во период од 9:00 до 12:00ч дел од ул.2, с. Долно Количани (општина Студеничани)
-Во период од 8:00 до 10:00ч корисниците на бул. Александар Македонски.(општина Гази Баба)
-Во период од 8:30 до 14:30ч корисниците Рудопроект, Каменолом Вардар градба, викендички Јаболци, с.Јаболци, Сателитски центар Нова Брезница, Нова Брезница, Ловиште Јасен, викендички Држилово, с. Држилово, Карст с. Јаболци, викендички Патишка Река, с. Патишка Река, ПЦЦ Хидро (општина Сопиште) и корисниците од с. Осинчани, с. Малчиште, с. Елово, с. Црн Врв (општина Студеничани)
-Во период од 9:0 до 11:00 часот корисниците УСЈЕ: ул. 4 (општина Кисела Вода)
-Во период од 9:00 до 12:00 часот корисниците дел од с.Света Петка (општина Сопиште)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

