Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје
Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека поради технички зафати во дистрибутивната електр мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците од викендиците во с. Долна Матка (општина Сарај);
во периодот од 8:00 до 16:00 часот корисниците од селата Драчевица, Цветово, Мала Река, Црвена Вода, Палиград, Алдинци, Вртекица, Пагаруша, Долно и Горно Количани, фирмата Принцес во Мала Река и предавателот на Т- мобиле во с. Цветово (општина Студеничани);
во перидот од 9:00 до 14:30 часот корисниците од ул. Саса бр. 18 (општина Кисела Вода);
во периодот од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 во с. Батинци (општина Студеничани);
во периодот од 8:05 д 10:35 часот корисниците од фирмите Колид, Анета, Електроводомонт, Даниел Рухти, ИГМ Циглана, ТИПО, Европа 92, ЗИК Момин Поток, Астекс, Графика, Еуротехника, МАККАБ, ИГМ Вратница, АЛМА М, Медика, УНИ Компани, трафостаниците на воена пошта Мал Логор, ВП 2 и ВП 3, Еуробулс, Слободанка, Мусли Компани, БЛИФ, Хисар и Гипсар (општина Карпош);
во периодот од 9:00 до 14:00 часот корисниците од ул. Пандил Шишков бр. 3 (општина Аеродром);
во периодот од 8:30 до 12:00 часот корисниците од селата Ајватовци, Бунарџик, Грушино, Бучинци, Мршевци и Бујковци (општина Илинден);
во периодот од 9:00 до 11:00 часот корисниците од броевите 35 и 4 на ул. Васил Ѓоргов (општина Центар).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)
Македонија
Без вода делови од Карпош
Без вода денеска ќе останат дел од корисниците во Карпош.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 26.12.2025 година ( Петок ) поради водоводен приклучок на ф 90 мм на ул Ванчо Мицков бр.39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Ванчо Мицков, од 09:00, до завршување на работните обврски.(општина Карпош)“, соопшти РЦУК.

