Македонија
Без струја ќе останат делови на Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Сопиште
Од „ЕВН Македонија“ информираат дека без електрична енергија ќе останат делови на Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Сопиште.
Од 12 до 15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата Пролет и улицата Мирче Ацев, зад Олимпискиот базен, како и ПС Кисела Вода (општина Кисела Вода), од 8.45 до 11.30 часот корисниците од дел од улицата Руди Чајавец бр. 45 и 47 и улицата 23 Октомври, делот кај градинката и црквата „Св. Илија“ во населбата Аеродром (општина Аеродром), од 9 до 12 часот дел од улицата Франце Прешерн и улицата Марк Твен (општина Карпош), од 8.30 до 15 часот корисниците од дел од с. Добри Дол (општина Сопиште) и од 9 до 13 часот корисниците од дел од улицата Лазар Димитров (општина Кисела Вода).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На плоштадот во Скопје: Мицкоски за новогодишната ноќ во друштво на Ѓорѓиевски
Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Новата година ја дочекаа на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во празнична атмосфера и во друштво на голем број граѓани.
„Заедно со нашиот народ на плоштадот Македонија да ја дочекаме Новата Година“, напиша Мицкоски во објавата на социјалните мрежи.
На граѓаните им посака здравје, и успеси.
„Да посакам добро здравје, разбирање и успеси за секој еден човек на нашата Македонија.
Среќна Нова Година“
Македонија
Првото родено бебе во 2026 е девојче
Првото новороденче во Македонија во Новата 2026 година е женско бебе.
– На ГАК се роди принцеза, соопштија на својата Фејсбук страница од Клиниката за гинекологија и акушерство.
Бебето е родено точно на полноќ на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

