Македонија
Бектеши е позитивен на коронавирус: „Немам никакви симптоми и се чувствувам добро“

Министерот за економија, Крешник Бектеши, е позитивен на коронавирус.
Веста ја сподели тој на социјалните мрежи, коментирајќи дека резултатот го добил денеска, но нема никакви симптоми и се чувствува добро.
„Би сакал да ве известам дека и покрај максималните напори и почитување на протоколите, штотуку сум информиран дека сум позитивен на Ковид-19, од тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми, а членовите на моето семејство добија негативен тест. Ве повикувам да ги почитувате протоколите, ви посакувам сè најдобро вам и на вашите семејства“, напиша Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВЛЕН: Време е за ветинг на Муса Џафери – човекот сенка на Али Ахмети, најдобриот пријател на Сашо Мијалков

„ДУИ повторно глуми дека ќе се „чисти“ од криминал, но вистината е сосема поинаква – тие што треба да „чистат“ се 20 години во врвот на политиката и бизнисите! И глумат дека нешто ќе чистат за тие самите да останат на врвот“, велат од ВЛЕН.
„Време е за вистински ветинг – време е да се отвори темата за Муса Џафери, еден од клучните луѓе на Али Ахмети, кој со години беше највлијателната фигура во сенка. Човекот што ги договараше сите најважни „зделки“, човекот што ги влечеше конците зад политичката сцена и најдобриот сојузник на Сашо Мијалков.
ДУИ, до кога ќе ја лажете јавноста? Како е можно човек што беше десна рака на Ахмети и учествуваше во секој коруптивен проект да биде дел од наводното „прочистување“?
Зошто неговите синови преку фирми блиски до власта добиваат милионски тендери? Како се отпишуваат долгови од милиони евра за фирмите блиски до Муса Џафери?
Како е возможно судовите во Америка да досудат корупција за давањето мито на високи функционери на ДУИ во Македонија, а судовите во Македонија да останат неми? До кога ќе дозволувате вашите функционери да се богатија на грбот на граѓаните, додека државата тоне во сиромаштија?
Оставете ја јавноста на мир – заминете од политика! ДУИ веќе 20 години ја контролира политичката и економската моќ на Албанците во Македонија. Нивните луѓе од сенка како Муса Џафери никогаш не биле ставени на тест на правдата. Доста е!
Ако навистина сакате ветинг, почнете од него! Ако не сте подготвени за тоа, тогаш вашето „прочистување“ е само уште една лага“, соопштуваат од ВЛЕН.
Македонија
Меџити: Каналот и детската градинка во Ченто стануваат реалност

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска заедно со претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за социјална работа, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше на посета во скопската населба Ченто каде најави наскоро започнување на два капитални проекти за оваа населба.
„Ветување неисполнето со години од минатите влади сега станува реалност! Хасанбег конечно ќе ги добие атмосферскиот канал и државната детска градинка кои одамна беа ветени, но никогаш реализирани“, изјави Меџити.
„Да не заборавиме: страшните поплави во 2016 година однесоа 23 животи и уништија домови, земјишта и бизниси. Но, тогашната влада не ги презеде неопходните мерки за да спречат слични трагедии во иднина. Недостатокот на соодветна дренажа беше еден од главните фактори за катастрофалните штети. Сега, оваа грешка ќе биде исправена!“, рече Меџити.
Тој најави дека оваа значајна инвестиција, вредна 38 милиони денари, ќе овозможи изградба на канал во должина од 1.350 метри и ширина од 4 до 10 метри, во зависност од близината на куќите.
„Овој проект не е само инфраструктурна интервенција, туку посветеност на безбедноста, животот и достоинството на жителите на Хасанбег“, изјави првиот вицепремиер Меџити.
Проектот ќе се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општина Гази Баба, со што ќе се означи важен чекор кон правдата и безбедноста за жителите од овој крај.
Македонија
Герасимовски: Центар ја совлада екипата на Кисела Вода во фудбал на 41-те маџирмаалски средби

Денеска, екипата на општина Центар, предводена од градоначалникот Горан Герасимовски издвојува победа против екипата на Општина Кисела Вода, на ревијалниот натпревар во рамки на 41-те Маџирмаалски средби.
„Игравме фанта – стара, но добро зачувана игра, со што ја негуваме традицијата и спортскиот дух на нашата заедница. Гордост ми е што и оваа година сме заедно на овие прекрасни Маџирмаалски средби! Нашата традиција живее преку спортот, дружбата и заедништвото, а мојата поддршка ќе продолжи и во иднина. Изненаден сум од оваа позитивна енергија, од ова другарство и од целокупната организација, ви симнувам капа. Да славиме уште многу години! Да сте ми живи и здрави, мои Центарци, мои Маџирмаалци!“, истакна Герасимовски.
Маџирмаалските средби, по 41-ви пат почнаа вчера, традиција којашто се одржува со децении и го чува духот на Маџир Маало, како едно од најстарите и најавтентичните скопски маала. На самото отворање, Герасимовски потенцираше дека има голема чест што заеднички со маџирмаалците се одбележуваат овие денови.
„Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентичните скопски маала – место со душа, каде што се чувствува посебната магија на градот. Нека оваа прекрасна традиција продолжи уште многу години!“, рече Герасимовски.