Македонија
Бектеши- Почивалшек: Голем потенцијал за зголемување на билатералната соработка, инвестициите и туризмот
Министерот за економија Крешник Бектеши го пречека вицепремиерот и министер за економски развој и технологија на Република Словенија, Здравко Почивалшек кој денеска е во официјална посета на Македонија.
Министерот Бектеши и вицепремиерот Почивалшек остварија билатерална средба на која дискутираа за економската соработка помеѓу двете земји и за можностите оваа соработка да се унапреди дополнително.
Министерот Бектеши во своето воведно обраќање за добредојде го информираше вицепремиерот Почивалшек за економските реформи кои ги спроведува Владата, пред се во делот на зголмуавање на инвестициите.
„ Словенија и Македонија се слични по големина и бројот на жители, сепак словенечката економија е понапред од нашата. Има голем број на компании од Словенија кои работат во Северна Македонија, но и обратно, тоа е знак на солидна економска соработка, а мислам дека има многу области каде можеме да ја унапредиме соработката. Тоа е пред се во делот на бањскиот туризам, каде што Словенија има големо искуство“, кажа министерот Бектеши.
Министерот Бектеши кажа дека Македонија е посетена во делот на зголемување на економската соработка со Словенија, а според статистичките податоци, билатералната трговија помеѓу двете земји, по падот минатата година како резултат на кризата предизвикана од пандемијата, од почетокот на оваа година бележи континуиран раст.
Министерот Бектеши информираше дека нашата земја има конкурентни услови за привлекување на странски инвестиции, но и запоттикнување на инвестиции на домашни компании, преку мерките содржани во Законот за финансиска поддршка на инвестициите
Вицепремиерот и министер за економски развој и технологија на Словенија, Почивалшек, се согласи дека економските односи помеѓу двете земји се на многу високо ниво, но постои простор за дополнителен раст.
Кажа дека само во првите девет месеци трговската размена помеѓу двете земји бележи раст од 30%.
„Ме радува големата инвестициската размена помеѓу двете земји.Словенечките инвестиции во Северна Македонија се над 400 милиони евра, работат над 40 компании кои вработуваат 2500 вработени. Радува и порастот на македонските инвестиции во Словенија кој изнесува над 30 милиони евра, пред се во делот на металургијата,“ кажа Почивалшек.
Двајцата министери се договорија во наредниот период да се организира заеднички инвестициски бизнис форум каде што ќе се сретнат компании од двете земји, што ќе биде можност за размена на искуства, нови договори и проширување на инвестициите помеѓу двете земји
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

