Македонија
Бендевска, ЗНАМ и ДПМНЕ бегаат од обврската да го деблокираат Законот за бранителите, велат од партијата Левица
На денешната собраниска седница, пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, побара да се одблокира Законот за бранителите.
Јанчев ѝ посочи на Бендевска дека таа и Милошевски како потпретседател на Собранието се надлежни да го облокираат Законот за браниетелите, бидејќи при замена ги имаат истите надлежности како и претседателот Гаши.
„Бендевска го гасеше микрофонот и не дозволуваше ова да се каже од говорница за да не оди во јавноста дека одговорни за блокадата на Законот за бранителите се токму ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, со клевети и навреди кон пратениците од Левица, непречено реплицираше, злоупотребувајќи ја процедуралната забелешка, дека не требало да се грижи Левица за бранителите“, соопшти партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

